Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
Агровести

Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции

Објавено 26/06/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оцени дека преку конкретни мерки за една година Владата успеала да го врати достоинството на земјоделците и да го вредува нивниот труд онака како што заслужуваат.

– За една година Влада реализиравме голем број проекти, решивме крупни проблеми, воспоставувме систем за соработка, изградивме партнерски однос со земјоделците и им ја вративме довербата кон институците, рече Трипуновски на прес-конференција по повод една година Влада. 

Наследиле, како што рече, хаотична состојба со неисплатени субвенции и плати, закочени проекти, катастрофални откупни цени, разочарани земјоделци, комплицирани процедури и бирокартија, целосно запуштени и руинирани водни канали. 

Трипуновски наброја дека се исплатени над девет милијарди денари заостанати и тековни субвенции на над 70 000 земоделците на кои, посочи, им покажуваме дека имаат партнер во Владата и ќе можат да се подготват и да го планираат своето производство. 

Потсети дека се донесени интервентни мерки за помош на земјоделците, дополнителни субвенции од пет денари по килограм за производителите на слива,  дополнителни три денари за предадена килограм пченица од кинатата реколта, за оризопроизводителоте дополнителни шест денари од ланската реколта, зголемување за 100 проценти на субвенциите за производителите на јачмен од постоечките шест илјади на 12 илјади денари субвенција по хектар.

Усвоена  е и Програмата за дополнување на средорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковите резерви, што посочи дека е од исклучителна важност за полнењето на стокови резерви од домашното производство, пред се со оризовата арпа и пченицата.  

Потенцирапе дека кај тутунот  е постигната зголеман откупна цена од 375 на 400 денари, а на субвенцијата од 80 на 100 денари, со што се постигнала највисока цена во историјата на тутунопроизводството.  

Се зголемиле, тврди Трипуновски, и површините со тутун. Ако во 2024 година имало 12.959 хектари сега има 14.375 засеани хектари со тутун,  а како што рече радува фактот дека после многу години има зголемување на површините со јачмен и пченица. 

– Прват во историјата  е утврдена производна цена со што се постигна највисоки откупни цени за двете вински сорти на гризје од реколатата 2024 година Вранецот изнесуваше 20,8 денари за килограм,а  смедеревката 18,3 денари. Во завршна фаза е и утврдувањето на производната цената за 2025 годинаи вреувам дека лозарите ќе бидат уште позадоволни годинава, рече Трупуновски.  

Повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика наведе дека има раст и кај откупот и продажбата, како и извозот на земјоделските производи. Извезени се околу 13.000 тони јаболка во првите два месеца годинава, за 82 проценти повеќе од истиот период лани, а според Трипуновски имало одлична цена и за пласманот на пролетната зелка, од која за годинепната реколта се очекуваат 40.000 тони род. 

Според министерот Трипуновски,  земјоделското земјиште сега се дава на земјоделци кои навистина сакаат да го обработуваат и да егзистираат од него и склучени се над 2 100 договори за површина од 5.942 хектари на територијата на државата. 

Потстети дека со ребалансот на Буџетот на почетокот на мандатот  беа обезбедени  дополнителни 250 милиони денари за плати во националното претпријатие „Македонски шуми“, како и 100 милони денари за плат во АД „Водостопанство“. 

Обезбедени се и дополнителни 132 милиони денари за обнова на инфраструктурата за наводнување и одводнување, а воспостване е и проектна единица „Наводнување на Македонија“, која рече дека претходно била целосно нефункционална и неекипирана,  а денес, истакна имаме вода во скеоја нива во државата. 

Трипуновски  во отчетот потсети и дека е распишан јавен повик за помош на млади земјоделци за започнување земјоделска дејност со доделување 10 илјади евра по корисник, како и четири повици за модернизација на земјоделските стопанства со поддрка од 600 илјади денари по корисник. .

Склучени се 68 договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата, а прифатено  е и барањето на Независниот синдикат за признавање на бенифицираниот стаж на припадниците на Шумската полиција.

– Многу скоро новата пресметка ќе биде во сила. Етапно ги решаваме нивните барања за подобрување на условите за работа и доекипирање, рече Трипуновски. 

Во делот на регулативата наброја дека донесени се измени на повеќе закони, за шумите, земјоделско земјиште, за дивеч и ловство, за фитофармација, како и анализа на Национаната стратегија за земјоделство и рурален развој и ево подготивка ревизија.

Изработен е нов Предлог закон за земјоделство и рурален развој, со кој вели дека со земјодлеците, земјоделските задруги и наулната фела ќе изградат цврст  темел  за развој на земјоделството. 

– Нашата заложба е да креираме мерки и политики кои ќе го придвижат земјоделството во вистинска насока. Да станеме земја која ќе го зголеми производството на храна, ќе го зголеми извозот на земјоделски производи, но и ќе ја храниме нашата популација со квалитетни производи, рече министерот за земјоделство.  

 Неоснованите и бледи критики и обвинувања од опозицијата,  наведе Трупуновски, не не спречија да го оствариме она што го ветивме на земјоделците и продолжуваме да работиме чесно и одоговорно за  силен и одржлив земјоделски сектор. 

Министерот Трипуновски, меѓу останатото, наброја и дека е обезбедна поддршка од 61,5 милиони денари за научно образовните институции, како и 60,6 милиони денари за локални манифестации и саеми за  минатата година,  како и 10,9 милиони денари за годинава.

МИА

Може да ви се допадне

Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Таг:вреднувамедевет милијардиземјоделцитесубвенцииТрипуновскитрудот
Претходен напис ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време
Следен напис Инвестициска активност за економски просперитет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?