Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Со интервентна мерка ќе се покријат загубите на производителите на зелка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Со интервентна мерка ќе се покријат загубите на производителите на зелка
Агровести

МЗШВ: Со интервентна мерка ќе се покријат загубите на производителите на зелка

Објавено 27/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано го следи откупот на зелката и е во постојана комуникација со земјоделците и откупувачите на зелка. Поради глобалната пандемија од коронавирусот, на светските пазари дојде до намалена побарувачка на зелка, што во нашата држава предизвика проблем со пласманот и откупната цена на зелката.

За таа цел во координација со земјоделците, МЗШВ подготви предлог за интервентна мерка за покривање на загубите на производителите на зелка. Предлог- мерката е ставена во систем минатиот петок, но со оглед на тоа дека до денеска немаше седница, истата ќе се разгледува на утрешната владина седница.

Интервентната мерка ќе биде за продадена зелка во периодот од 1-ви април до 30-ти април 2020 година, а  заради стабилизирање на пазарот со зелка, бидејќи во месец април поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот дојде до дестабилизација на пазарот и големо намалување на побарувачката и на откупната цена.

МЗШВ како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор, и доколку има потреба заеднички со земјоделците ќе се креираат решенија преку интервентни мерки,  а со цел да се овозможи одржливо производство и пласман за земјоделските производи.

Истовремено, МЗШВ го повикува дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, овој период на глобална пандемија со којашто се соочува целиот свет, да не го користи за прибирање на политички поени и манипулација со земјоделците, како што тоа  денеска го стори со неговата изјава за откупот на зелка, а при тоа знаејќи дека МЗШВ веќе има предложено интревентна мерка. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:зелкамзшвоткупЦветан
Претходен напис Предлог бизнис ПЧЕЛАРСТВО: Како да започнете, колкава инвестиција е потребна и колку се заработува
Следен напис Во следните денови се очекува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?