Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
Агровести

Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи

Објавено 18/06/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Ако продолжи воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе има импликации, може да проработат инфлациските тенденции. Тоа е опасност за Македонија. Ќе се зголемат производните трошоци на сите бизниси што е многу сериозен проблем, оценува академик Таки Фити.

Според него, ова прашање е поврзано со геополитиката, а геополитичкиот пејзаж многу брзо се менува во современи услови.

-Војната Украина – Русија, трговскта војна наметната од Трамп, сега Иран – Израел. Целото опкружување станува многу поризично и има силни негативни импликации и врз економијата и врз целокупниот развој на земјите. Цената на нафтата е многу значајна зашто е импут во производство на огромен број производи – од една стана е енергент, а од друга многу производи технолошки базираат на користење нафта. Сега, кога беше енргетската криза, енергенсите многу поскапеа и тоа не резултираше со рецесија, но беше блиску до рецесија. Многу земји беа блиску до стакфлација, едновремено присуство на ниски стапки на економски раст и на релативно висока инфлација и висока невработеност. Ако ова продолжи, ќе има импликации. Може да проработат инфлациските тенденции. Тоа е опасност за Македонија. Кога беше енергетската криза ние имавме малку повисока стапка на инфлација за разлика од други земји, прво зашто е таква структурата на нашата економија и увозната зависност за многу производи и енергија е прилично голема па како растат цените во тие земји, така таа инфлација се увезува и кај нас. Зависи колку ќе трае војната, тоа ќе ги зголеми трошоците на производство на сите бизниси и тоа е многу сериозен проблем, изјави академик Фити кој учествува на денешната тркалезна маса „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија што ја организира МАНУ.

Прашан за цените на производите кои се зголемија по завршувањето на ограничените маржи и најавениот план на Владата за евентуална интервенција, професорот порача дека во овој сегмент треба да се делува со индикретни, а не со директни мерки. Потсети дека имаме Комисија за заштита на конкуренцијата која, како што напомена, треба да си ја врши својата работа. 

-Економската наука е против директни интервенции во доменот на цените како што е замрзнувањето, зашто тие честопати се контрапродуктивни. Ефект ќе има одреден период, но проболемите се кумулираат и кога ќе се „ослободат“ цените, тоа се враќа како бумеранг. Основно е да се контролира ситуацијата со индиректни мерки. Ние ја имаме Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа треба да си ја врши својата работа. Во екот на кризата, Комисијата рече: „ние не постапуваме ако немаме допрен глас“. Не може така. Комисијата има компетенции да постапува, да спречува монополистичко однесување, да спречува доминанта позиција на определени фирми, да казнува директно за тоа. Таа е една од клучните институции која е задолжена за одржување на нивото на конкуренција и на конкурентниот притисок во економијата, но и на слободата на пазарот и претприемништвото, нагласи Фити.

Другата работа е подолгорочна, проблем е на бизнисите и на самата економија. Ако се работи добро и квалитетно, ако се применуваат иновации, ако се применува поинаква организација на производство, ако менаџментот променува современи методи на управување со фирмите ќе расте квалитетот и обемот на производство. Така ќе можеме да ги регулираме овие работи.

Тој се осврна и на земјоделството кое е поврзано со основните прехранбени продукти. Рече дека даваме огромни субвенции, а има серизни индикации и испитувања во МАНУ дека субвенциите не даваат соодветни резултати. Треба, потенцира, да се смени системот на субвенционирање.

-Ефектот од толку големи субвенции и порастот на БДП во земјодлството не е онака како што се очекуваше со давањето на субвенциите. Но, тој систем останува, меѓудругото зашто земјоделците се значајно гласачко тело и еднаш стекнато право партиите на власт тешко се одлучуваат тоа да им го скратат или намалат. Треба да се субвенционира земјоделството, но треба да се смени системот на субвенционирање. Ние уште субвенционираме врз база на посеани површини, таа работа не оди. Треба на аутпутот, на производот што се произведува и треба тие субвенции да одат во вистински раце, а тие често, наместо кај земјоделците, завршуваат кај луѓето кои земале државно земјиште под закуп и кои воопшто не се занимаваат со земјоделство. Земјоделството ни е многу битно, тоа е и еден од основните приоритети на идниот развој на државата, истакна Фити. 

Покрај субвенции, смета академикот, треба да се обмислат и друи мерки за поддршка.

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:ИзраелИранконфликтотмеркипроизводиФити
Претходен напис Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток
Следен напис Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?