Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прв ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прв ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување
Агровести

Прв ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување

Објавено 18/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на Програмата „ЕУ за општините“, днескаво Скопје ќе биде одржан првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување. Целта на овој еднодневен настан е да се промовираат добри практики и успешни проекти финансирани од ЕУ, да се поттикнат нови партнерства меѓу општините, како и да се отвори простор за размена на искуства и идеи за понатамошен локален развој.

Настанот официјално ќе го отворат министерот за локална самоуправа, Златко Перински и програмскиот менаџер на Програмата „ЕУ за општините“, ЕУ Делегација во Северна Македонија, Енцо Дамиани. Целиот настан е целосно јавен и отворен за медиумско присуство.

Како што најавија организаторите на настанот ќе бидат претставени резултатите од повеќегодишната соработка меѓу општините од Северна Македонија и нивните партнери од земјите-членки на Европската унија, како и вложувањата кои ги прави Европската Унија преку Програмата „ЕУ за општините“.

Посебен фокус ќе биде ставен и на теми како што се урбаната мобилност и менаџмент на туристички дестинации, како два клучни аспекта на одржливиот развој на локално ниво. Предвидено е претставување на конкретни решенија од општините Велес, Струмица, Кавадарци и други, како и искуства од германските региони Гронау и Енепе-Рур, и грчката општина Едеса. Саемот се очекува да овозможи вмрежување, билатерални средби и интерактивна дискусија меѓу општините и меѓународните партнери.

Настанот ќе биде организиран во форма на саем, со учество на делегации од Северна Македонија, Германија и Грција, министри во Владата, ЕУ Делегацијата во земјава, како и други релевантни чинители.

Овој саем е дел од завршните активности на програмата „ЕУ за општините“ која во изминатите пет години придонесе за конкретни подобрувања на локално ниво во речиси сите 81-на општина низ земјава.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вмрежувањеЕУ-МК Саемлокален развој
Претходен напис На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Следен напис (ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?