Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата „Студио 10“ на 24 ТВ информираше за неколку важни теми од земјоделското производство, особено за начинот на исплатата на земјоделските субвенции.
-Исплатата на субвенциите, со најновите налози кои ги имаме подготвено очекуваме да биде 81% реализација од вкупните субвенциите за 2024 година. Во овој период, за многу кратко време ќе се исплатат субвенции од областа на сточарското производство. Завршени се сите админитративни контроли и списоците и испратени во трезор за мерка 2.2 за говедарството. Завршени се исто така налозите за мерка 11 во делот произведено и предадено јагне во кланица и мерката 1.3 за остварен принос на пченица и јачмен. И овие налози се завршени и испратени до трезор и земјоделците многу брзо ќе ги добијат своите субвенции – изјави Стоилов.
Тој потенцираше дека 16 месеци доцнење во делот на сточарството е недозволиво и тоа сега го решаваат.
-Ги чекаме последните податоци од млекарниците кои вршат откуп на млеко и очекуваме почеток на јули да биде исплатено млекото од првиот квартал за 2025 година. На тој начин полека да се регулира навремена исплата и на млекото бидејќи намалувањето на бројот на добиток и домашното млекопроизводство, се должи и на досегашното доцнење во исплатата на субвенциите – изјави Стоилев.
