Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен повик за две мерки за почнување сопствен бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен повик за две мерки за почнување сопствен бизнис
Јавни огласи и повици

Објавен повик за две мерки за почнување сопствен бизнис

Објавено 09/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули денеска официјално го објавија отворањето на јавниот повик за мерките 1.1 и 1.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработување на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување.

Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари односно 7.000 евра за основање на нов бизнис, а Мерката 1.2 се однесува за млади до 29 години, кои имаат можност да добијат поддршка до 615.000 денари или 10.000 евра за основање сопствен бизнис.

Двете мерки вклучуваат и обука за претприемништво, подготовка на бизнис план, како и шестмесечно менторство за целните групи, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, припадниците на ромската заедница и жените од руралните средини.

-Овие мерки не се само финансиска помош, туку се директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и во развојот на локалната економија, истакна министерот  на прес-конференција во Владата.

Според Белули, целта на мерките е поддршка на претприемништвото.

-Мерките ќе обезбедат одржливи вработувања и ќе овозможат создавање, како и рамномерна дистрибуција на економските субјекти низ осумте плански региони во државата. Процесот на селекција се одвива низ неколку фази, а ќе се поддржат најдобри идеи и бизнис планови, нагласи директорот и ги повика граѓаните да се јават на повикот.

Сите 30 центри на Агенцијата, дополни, се подготвени за прием на апликациите.   

-Според наша проценка, интересот на невработените е висок и до 10.30 часот се поднесени скоро над 200 апликации, информира директорот.

Претходно, владината портпаролка Венера Азизи потсети дека со Оперативниот план за 2025 година директно ќе бидат опфатени над 16.000 граѓани. Планот се потпира на рекорден буџет од 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе од минатата година и претставува најамбициозна инвестиција на Владата во областа на вработувањето и социо-економскиот развој.

-Она што го правиме не се апстрактни мерки, туку конкретни активности кон поправеден и поинклузивен пазар на трудот. Остануваме силно посветени младите да бидат во фокусот на нашите политики зашто тие се најперспективната енергија на оваа земја. Постојано инвестираме во мерки кои ја поттикнуваат самовработеноста, развојот на вештини и претприемништвото, затоа што веруваме дека секоја поддржана идеја денес е уште една можност за развој утре, рече Азизи. 

МИА

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:две меркиобјавенПовиксопствен бизнис
Претходен напис Соработка за економски напредок: Средба на гувернерот со претседателот на Стопанската комора
Следен напис Цената на бензините останува иста, поскапуваат дизелот и мазутот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?