Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на АХВ делегат на Генералното Собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните во Париз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на АХВ делегат на Генералното Собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните во Париз
Агровести

Директорот на АХВ делегат на Генералното Собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните во Париз

Објавено 30/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов на 92-то Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) беше назначен за делегат на Генералното собрание на WOAH и претставник на државата во Светската здравствена организација за заштита на животните. 

Светското собрание на делегати, како што информираат од АХВ, на Собранието усвоило административни и технички резолуции и спровело избори за пополнување на слободните места во некои од управните тела на WOAH.

– Да се биде препознат како дел од успешната група на лидери за здравствена заштита на животните е исклучителна привилегија, но и одговорност, изјавил Миланов, кој со делегација од АХВ, од 25 до 29 мај учествуваше на 92-то Генерално собрание на WOAH што се одржа во Париз. 

Главен фокус на годинашното Генерално собрание беа вакцините и вакцинацијата кај животните. Дел од сесиите, како што информираат, биле посветени на иновативиот форум за здравје на животните за вакцини и вакцинација кај истите. Овој форум обезбеди платформа за дијалог меѓу делегатите на WOAH, експертите за оваа област, граѓанското општество и приватниот сектор за предизвиците што го попречуваат развојот на вакцините и нивната употреба во стратегиите за контрола на болести. За време на форумот, учесниците ги идентификуваа акционите стратегии за интегрирање на вакцинацијата во националните програми за контрола на болести, со цел да се обезбеди безбедна меѓународна трговија со животни и нивни производи.

На Генерално собрание учествуваа делегати од 183 земји членки на WOAH, претставници од релевантни меѓународни организации, од земји набљудувачи, клучните чинители на Светската организација за здравствена заштита на животните и специјални гости на WOAH. На Собранието беше претставен Извештајот на генералниот директор за активностите на WOAH за 2024 година за 7-миот Стратешки план и ажурирање за развојот на 8-миот Стратешки план.

На маргините на Генералното собрание беа одржани повеќе билатерални средби со претставници – делагати и делегации со цел олеснување на меѓународната трговија со животни и нивни производи. Од страна на  WOAH беа потврдени позитивните резултати на Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на пријавувањето на болестите, успешното интергрирање на WAHIS системот со ADIS системот на Европската Унија и заложбите на Република Македонија за добивање на статус на земја слободна од одредени болести, како што е класичната чума кај животните со цел извоз на свинско месо во Европската Унија и во светот, како и промена на статусот на земја со недетерминиран статус на спонгиоформни енцефалопатии, информираа од АХВ.

На 92-то Генерално собрание на WOAH му претходеа состаноци организирани во рамки на петте регионални претставништва на оваа организација на кои се донесоа одлуки за стратегиските прашања и за кадровските решенија во однос на позициите во самите регионални претставништва кои беа презентирани и усвоени на самото Генерално собрание. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:АХВделегатдиректоротПаризСветската организација
Претходен напис Состојба на патишта
Следен напис Не ја пропуштајте можноста за 600 000 евра ГРАНТ за РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?