Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Везе Шари – лидер во циркуларната економија преку јасна визија и вложување во квалификуван кадар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Везе Шари – лидер во циркуларната економија преку јасна визија и вложување во квалификуван кадар
Агросектор

Везе Шари – лидер во циркуларната економија преку јасна визија и вложување во квалификуван кадар

Објавено 28/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 27 мај 2025 година, во просториите на компанијата Везе Шари во Тетово, се одржа значаен настан посветен на циркуларната економија, управувањето со отпад и развојот на зелените вештини, организиран од М6 Едукативниот центар во соработка со швајцарскиот проект „Образование за вработување“. На настанот присуствуваа претставници од Швајцарската амбасада, Хелветас, М6 Едукативниот центар и претставници од компаниите членки во Одборот на Старатели на М6.

Учесниците имаа можност да ги разгледаат производствените капацитети на Везе Шари и Лецкер, каде што беа презентирани иновативни пристапи за интеграција на принципите на циркуларна економија во производството. Дополнително, беа демонстрирани и методи за управување со отпад кои овозможуваат искористување на обновливи извори на енергија.

Посебен акцент беше ставен на Електро Шари, првата биогасна термоелектрана во Северна Македонија за производство на електрична енергија од нус-производи од животинско потекло и био отпад со капацитет од 1 мегават на час.

Везе Шари е препознаена како пример за компанија што ги користи бенефитите на циркуларната економија. Компанијата е посветена на изнаоѓање и примена на одржливи решенија кои го намалуваат влијанието врз животната средина, а притоа креираат додадена вредност преку иновативно управување на суровините.

“Кога работите со страст и посветеност и притоа не сте фокусирани само на профитот туку и на општествената одговорност и се грижите за развојот на заедницата, бизнисот природно расте. Така од мала компанија во 1999 сега сме лидери во циркуларна економија во земјата и не само што внимаваме на нашето управување со отпадот туку преку активностите обезбедуваме заштита на животната средина пошироко”, изјави Арбен Абдурахмани, сопственик на Везе Шари, Лецкер и Електро Шари. Овие компании се водечки во производство на конзумни јајца, преработки и производи од говедско и пилешко месо и оперираат на неколку локации во целата држава.

Оваа посета е во рамки на партнерството за развој на кадри со Везе Шари, која инвестира во развојот на своите вработени преку обуки организирани во М6 Едукативниот центар. Преку стекнувањето зелени вештини и развојот на менаџерските способности, компанијата го подготвува својот кадар за новите предизвици на одржливото производство.

„Денешната посета на компанијата Везе Шари уште еднаш ја потврди важноста на инвестирањето во луѓето како највреден ресурс. Впечатокот од нивната посветеност кон развојот на кадрите, континуираната едукација и унапредувањето на вештините на младите професионалци е навистина инспиративен. Задоволни сме од досегашната соработка со Везе Шари, која претставува пример за тоа како компаниите во државата можат да создадат работна средина што поттикнува останување и раст на младите во земјата. Само преку вакви партнерства и визија може да се создаваат стабилни работни места, да се градат кариери и да се движи економијата напред. М6 останува посветен на поддршката на компании кои препознаваат вредност во знаењето и вложуваат во човечкиот капитал“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ од М6 Едукативниот центар.

‘’Мило ни е што гледаме успешен пример на компанија која што користи практики за циркуларна економија и го користи отпадот како ресурс, истовремено инвестирајќи во градење на зелените и менаџерските вештини на своите вработени. Се надеваме дека многу други компании во земјава ќе се инспирираат од овој пример’’, изјави Михал Харари, заменик шеф на мисијата на Швајцарија и вршител на должност.

На настанот беа презентирани активностите и успесите на сите компании од страна на извршниот директор Абдулезел Догани. Гостите се запознаа со детали од работењето од страна на Крсте Поповски и Халиме Реџепи кои се одговорни за технолошките процеси во компанијата.

Настанот беше дополнет со дискусии во кои учесниците разменија идеи и искуства за унапредување на одржливите индустриски практики и развојот на кадарот во државата.

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
Делегација од Република Узбекистан во посета на живинарската фарма „Везешари“
Таг:Арбен АбдурахманиВезешарилидерциркуларна економија
Претходен напис Дејан ги наплаќа садниците 10 евра: Без неговиот производ нема ни Дубаи чоколадо
Следен напис Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?