Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
Агровести

АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

Објавено 18/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО.

-Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО.

Оттаму информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.

-Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија, посочуваат од АД МЕПСО.

Ноќеска поголемиот дел од државата краткотрајно остана без напојување со електрична енергија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:110 киловолтнатаАД мепсоелектрична енергијаиспадтранзит
Претходен напис (ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Следен напис Цените во Белгија со тенденција на опаѓање, но и натаму повисоки од лани 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?