Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Магазин

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути

Објавено 18/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Макало е традиционално македонско јадење на база на лук, а според TasteAtlas моментално е најдобриот сос во светот.

Најосновниот вид на макало се подготвува од лук, топло масло или путер, вински оцет, млака вода и сол, кои се додаваат во дрвен сад и убаво се мешаат. Во ова јадење често се додаваат сув црвен пипер, сечкан магдонос, лути пиперки, ореви, млеко или јогурт.

Постојат повеќе варијанти на макала кои може да вклучуваат печени лути пиперки, модар патлиџан, зелени домати, свежи или печени црвени домати, па дури и варени компири. Макало може да се сервира како сос или како предјадење, во зависност од состојките што се користат. Обично се јаде со многу леб и сирење, а исто така е одличен додаток на месото на скара.

Според TasteAtlas, македонското макало во моментов е најдобриот сос во светот. Во продолжение ви го пренесуваме рецептот за ова јадење кое можете да го јадете како намаз на леб, со скара, како сос – како сакате. Состојките можете да ги прилагодите на себе, бидејќи во макалото може да ставете се, а еве еден заеднички рецепт.

Состојки

1 главица лук,

5 лажици масло,

3 лажици оцет,

400 мл млака вода,

3 мали лути печени пиперки (може да се користи и сув црвен пипер),

сол

магдонос.

Подготовка:

Најпрво исчистете го и измијте го лукот, па ставете го во дрвен сад за толчење. Можете да го ставите и во блендер, но сосот ќе биде повкусен ако го изгмечите рачно во дрвен сад. Посолете (количината прилагодете ја по ваш вкус) и толчете додека не добиете изедначена смеса слична на мајонез.

Додадете го маслото во лукот и мешајте додека сè не се изедначи. Постепено додавајте оцет и измешајте, па додајте млака вода и повторно добро измешајте. На крајот додадете лути пиперки и ситно сечкан магдонос (по желба), измешајте и послужете со леб.

Може да ви се допадне

Рижото со печурки
Овошен компот
Чоколаден колач со вишни
Пита со сирење, шунка и шери домати
Домати полнети со зеленчук и кускус
Таг:јадењемакалосос
Претходен напис Сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Најмногу дожд наврна во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?