Половина Македонија ноќеска остана без струја. Во делови од земјата струја дојде утрово околу 6 часот. Без струја беше и Скопје. Во ЕВН контакт центарот утрово ни рекоа дека станува збор за голем дефект, но детали не даваат. Во моментов на телефонската линија нема слободен оператор кој би требало да даде информација. Струја немало во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово. Која е причината и дали станува збор за дефект од поголеми размери детели очекуваме во текот на денот.
Извор – Слободен печат
