На мое големо задоволство денеска присуствувам на Новосадскиот саем, еден од најголемите саеми во Европа во областа на земјоделството, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Овој престижен саем ги обединува сите земјоделци, изложени се земјоделски производи, фарми и најсовремена механизација.
Новосадскиот саем е одлична можност за македонските земјоделци каде што можат да ги претстават своите производи со цел за освојување на нови пазари.
Министерството преку своите програми ги мотивира земјоделците за да ги промовираат своите земјоделски производи.
Наша цел е Македонија да има зголемен извоз на македонските земјоделско прехранбени производи.
