Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика
Агровести

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика

Објавено 17/05/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на новиот Закон за енергетика кој го нарече „значајна пресвртница на патот на земјата кон целосна интеграција во европскиот енергетски пазар“.

„Усвојувањето на овој Закон ја демонстрира силната посветеност кон европската енергетска интеграција“, изјави Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница. „Ги очекуваме следните чекори-почнувајќи од целосната усогласност и напредување кон забрзана интеграција во единствениот ЕУ пазар на електрична енергија како и подобрена безбедност на системот“, додава Лорковски.

Енергетската заедница оценува дека новата законска рамка го отвора патот кон интеграција во пазарот на електрична енергија, а како најзначајно, поврзувањето на пазарот на електрична енергија на Северна Македонија со единственото поврзување на ЕУ за еден ден однапред и интрадневно поврзување (SDAC/SIDC).

„Овој значаен чекор ќе ја подобри регионалната соработка, како и ефикасноста на пазарот и ќе ја зајакне енергетската стабилност во согласност со правилата на Енергетската заедница“ се наведува во соопштението на Енергетската заедница, во кое се додава и дека поврзувањето на пазарот останува предмет на потврдена усогласеност на законските одредби со Договорот за Енергетска заедница. Секретаријатот, како што се наведува, ќе соработува со Македонија за да го поддржи овој процес и да обезбеди брзо и ефикасно усогласување.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еузаедницасекретеријатструја
Претходен напис (ВИДЕО) Модерно карго, патничка железница од Табановце до Гевгелија, болници – Мицкоски најави инвестиции по договорот со Обединетото кралство
Следен напис Трипуновски: Новосадскиот саем е одлична можност за македонските земјоделци да ги претстават своите производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?