Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка
Агровести

Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка

Објавено 09/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поранешните министри за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славевски – најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка. Мандатот на актуелната, Анита Бежоска, истекува на 22 мај. До тогаш, претседателката  Давкова до Собранието треба да достави предлог  – кој ќе раководи со монетарната политика и ќе ја чува стабилноста на денарот и банкарскиот сектор. Од Кабинетот на Давкова велат дека предлогот се уште не е готов,  во тек биле анализите на потенцијалните кандидати. 

Владејачката партија пак, како најбројно тело во Парламентот, веќе направила  интерна анкета – каде се наоѓаат неколку имиња. Прв на листата бил Ставревски, а веднаш зад него Славевски. , но дефинитивна одлука кој од нив да предложат –се уште нема. И двајцата се од Охрид и имаат богата економска биографија. Зоран Ставревски кариерата ја почнал токму во Народната банка . Потоа 10 години работел во  Светска банка , каде од февруари  2006 та бил водечки економист . По пределог на тогашниот премиер Груевски во 2009 та станува министер за финансии и вицегуверенер за економски прашања. .Функцијата за  извршува до 2016 та година.

Трајко Славевски е професор на Економскиот факултет  и актуелен претседател  на Советот на град Скопје.  Во 1992 та бил советник на министерот за развој, а  од 1999 до 2000 година   министер  за развој. Од 2005 до 2006 член на Советот на град Скопје, по што станува министер за финании до јули 2009 та година.  Креатор е на низа реформи во даночниот и финансискиотс систем во неговиот мандат.  

Според извори на Сител, во трка биле и актуелната гувернерка Бежоска Ангеловска, како и Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одборт на КИБС и во Стопанска банка Битола  Од кабинетот на  Бежоска не сакаа да коментираат дали очекува уште еден мандат, велат 

Процесот на избор на гувернер е надлежност на Претседателот на државата и Собранието, согласно законски утврдениот протокол. Во таа насока, Народната банка нема коментар во однос на шпекулации или неофицијални информации поврзани со процесот.

Инаку според законот за Народна банка, мандатот на гувернерот трае 7 години и има право на уште еден реизбор. Доколу не се избере нов гувернер во Собранието, за што требаат 61 глас, функцијата продолжува да ја врши актуелниот, се додека не се назначи негов наследник.   

Извор – Сител

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гувернернародна банкаславевскиставрески
Претходен напис Стоја Ѓеоргиева – најдобра на Државниот тракторски натпревар за ученици во Струмица
Следен напис Советник на Трамп: Британците ќе обожаваат хлорирано пилешко и говедско месо со хормони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?