Тутонопроизводителот Марјанчо Цветковски од Прилеп, годинава сади тутун на 4 ха и очекува принос од 10 тони.

Поради ниските температури, малку доцнат со расадувањето, расадот е во добра состојба и ќе имаат да ги насад планираните површини.

-Годинава во прилепско тутунарите стартуваат со појак интензитет. Тутунот не е лесен за работа, ама се исплати и затоа го садиме секоја година на се поголеми површини. Годинава ќе насадиме на 4 ха и очекуваме принос од 10 тона – вели за Агротим, Марјанчо Цветковски.

Марјанчо Цветкоски од Прилеп, е регистриран земјоделец кој задно со сопругата Христина 20 години произведуваат тутун на 4 ха во село Марул, со годишно производство од 5 до 8 тони исклучително квалитетен тутун.



-Ние сме четиричлено семејство и скоро 20 години произведуваме тутун на еден современ и механизиран начин. Механизцијата значително ни ја олеснува работата но останува проблемот со недостиг на сезонски работници. Најмногу работиме со сопругата, децата помагаат колку можат, но сепак се потребни сезонски работници, а тие се потешко се наоѓаат. Тоа се главно повозразни луѓе и ова им е дополнителна дејност. Тутунот е трудоинтензивна култура, со работа почнуваме уште од 25 февруари со подговка на леите, расадот, па пакување на тутунот до Нова година или додека не заврши откупот. Лани на пример заврши во февруари. Значи цела година имаме работа – вели Цветкоски.


И покрај проблемите, вложениот труд и инвестирањето, Цветкоски е задоволен од производството на тутун. Нивната земјоделска приказна го потврдува фактот дека ако се работи професионално, ако се инвестира во производството, ако се следи новото време и се едуцираат, успехот е гарантиран.
