Денеска заедно со директорот на Фитосанитарна управа, Игор Чоневски, на дистрибутерите и советници им доделивме лиценци кои што ги стекнаа по испитот од областа на фитофармација.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фитосанитарна управа заедно со високо образовните институции организираа обуки од областа на фитофармација, со што во последните месеци следеше и проверка на знаењето.
На трите испити од областа на фитофармација кои беа реализирани, се стекнаа со право на лиценца и легитимација над 350 дистрибутери и советници.
Преку правилна и одржлива употреба на фитофармацевски производи го штитиме нашето здравје, ја чуваме животната средина, нашите почви и води со што овозможуваме услови за високи и квалитетни приноси.
Тука не застануваме, веќе се започнати и подготовки за организирање на обуки од областа на фитофармација и за земјоделските производители.
Одржливата употреба на овие средства е наша обврска за сегашноста но и за идните генерации.
