Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најскапиот сладолед на светот чини речиси 7.000 долари по топка, додека цела порција чини 15.000 долари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Најскапиот сладолед на светот чини речиси 7.000 долари по топка, додека цела порција чини 15.000 долари
Магазин

Најскапиот сладолед на светот чини речиси 7.000 долари по топка, додека цела порција чини 15.000 долари

Објавено 14/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Замислете десерт толку луксузен што чини повеќе од повратен лет до Европа. Токму тоа го создаде јапонскиот бренд „Селато“ (Cellato) со својот сладолед „Byakuya“ – сега официјално признат од Гинисовата книга на рекорди како најскапиот сладолед во светот, пишува „Дејли стар“.

Јапонска компанија за сладолед собра некои од најретките состојки во светот за да направи сладолед кој чини речиси 7.000 долари по топка, додека целосната порција чини близу 15.000 долари.

Состојките на овој скап сладолед вклучуваат редок бел тартуф кој расте во Алба, Италија, каде половина килограм чини близу 7.000 долари. Овој сладолед содржи и пармезан, како и состојка позната во Јапонија како саке талог.

Добиениот замрзнат десерт чини апсолутно неверојатни 6.696 долари за една топка од 130 милилитри.

Било потребно повеќе од една година обиди и грешки за да се создаде секој детал, вклучително и прилагодена лажица направена од материјали кои традиционално се користат во храмовите во Кјото.

Зошто овој сладолед е толку скап? Најмногу поради тартуфите кои можат да чинат и до 15.200 долари за килограм. Сладоледот е спакуван во масло од бел тартуф, заедно со специјална рачно изработена лажица.

Според Гинис, од компанијата „Селато“ сакале да користат јапонски и европски состојки во обид да постават Гинисов рекорд.

„Ни требаа повеќе од 1,5 години да се развиеме, со многу обиди и грешки за да го добиеме вкусот како што треба“, изјави портпаролот на „Селато“ за Гинис, „Постигнувањето на титулата Гинисов рекорд го направи трудот исплатлив“.

И секако, не можете само да го извадите овој сладолед од замрзнувачот и да се послужите. „Селато“ советува, за почеток, да го измешате маслото од белиот тартуф во сладоледот, измешајте ги додека не стане доволно меко за да потопите една лажица во него. Доколку не е сосема подготвен, можете да го ставите во микробранова печка 10 до 20 секунди.

извор: slobodenpecat.mk

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:рекордсладолед
Претходен напис Можности за употреба на нови технологии и дигитализација во лозарството
Следен напис Владата го собира вишокот пари од институциите – во март и април огромен скок на приходите во буџетот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?