Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река во Горно Лисиче
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река во Горно Лисиче
Агровести

Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река во Горно Лисиче

Објавено 03/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче.
Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување.

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, веднаш стапи во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД Водостопанство, чии претставници излегоа на терен и ги презедоа сите неопходни мерки за превенција со цел да се спречи поплавување на домовите што се наоѓаат во близина на текот на реката во Горно Лисиче. Екипите се постојано на терен и ја следат ситуацијата.

Според информациите од терен, нема нанесени штети на куќи, но се поплавени неколку магацини и земјоделски објекти, како и дел од полето во Горно Лисиче.
Оттука, Општина Аеродром ги повикува жителите што имаат имот во поплавеното подрачје да ги пријават материјалните штети со поднесување пополнет образец во Архивата на Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот.
Рокот за поднесување на пријавите трае десет работни дена од денот на излевањето на Маркова Река што се случи на 1 април (вторник), односно повикот ќе трае заклучно со 14 април (понеделник).

Образецот може да се најде на овој линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari, како и во Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче. Покрај пополнување на ова барање, подносителите треба да достават важечки документ за идентификација, доказ за сопственост (копија од имотен лист), како и фотографии од локацијата по претрпената штета.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:општина аеродромпоплавиштети
Претходен напис Цени на производите на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје: Домати 80 денари, пиперки 160 денари за килограм
Следен напис УХМР со метео ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Студено време со врнежи од дожд и снег и негативни утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?