Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тетовските земјоделци не добија отштета – владина комисија: Образците не беа пополнети како што треба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тетовските земјоделци не добија отштета – владина комисија: Образците не беа пополнети како што треба
Агровести

Тетовските земјоделци не добија отштета – владина комисија: Образците не беа пополнети како што треба

Објавено 03/04/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците во Тетово се жалат дека не го добиле надоместокот што им следува, ниту од 2023 година, ниту од јуни 2024. Велат дека после последните штети, годинава не саделе бидејќи немаат пари и дека се во сериозни долгови кон земјоделските аптеки и затоа не земале производи без да платат. Тие упатија повик што поскоро да го добијат надоместокот за штетите, информира 21ТВ.

„Ние од таа штета сме во загуба, наместо да садиме тоа што го садевме секогаш, оваа година не успеавме ниту пола од тоа да го садиме бидејќи немаме буџет. Земавме на вересија од земјоделските аптеки, земавме но немавме можност да платиме, тие веќе не ни даваат. Минатата година имав 21 хектари пченица, годинава само 7, минатат година садев 2 илјади садници домати, а годинава само 500. Бројот на сите производи ни е многу помал, помалку од половината од тоа што имав минатата година, не можам да платам, аптеките не ни даваат без да платиме“.

„Вицепремиерот вели дека општина Тетово не ги доставила документите, проблемот е кај пазарната цена. Се уште не почнавме со садење бидејќи се уште не ги добивме парите за претходните години, не прифаќаат, тие барат да платиме за да земеме и да продолжиме, а ние минатата година сме во целосна загуба. Дојдете и видете нивите не се засадени. Минатите години садев 20 хектари компир, а годинава ниту еден. Ја оставив Германија за да дојдам тука подобро, но подобро е да бидеш слуга на Германец отколку да останеш тука“.

Од владината комисија за обесштетување велат дека проблемот е кај општина Тетово бидејќи не ги пополнила образците како што треба и документацијата е вратена неколку пати.

„Оценката на вкупната вредност на штетата треба да ја направи општинската комисија врз основа на барањата за надомест на штетата од граѓаните и како таква, според методологијата, општинската комисија го доставува комплетниот предмет до комисијата формирана од Владата. Освен што не е одредена општата сума на штетата, исто така предметот не е комплетиран и врз основа на методологијата и табелите кои се составен дел од методологијата, не се пополнети согласно тоа што го бара законот. Има и други општини со истиот проблем со комплетирањена предметот според методологија, како Велес, Долнени, Гевгелија итн.“, вели Фатмир Сабриу.

Од општина Тетово признаа дека не ја доставиле документацијата до владината комисија, но велат дека не е поминат законскиот рок.

„Од комисијата не информираа дека во моментот се финализираат некои детали со методологијата, финалниот извештај е во завршна фаза, овој процес се одвиваше според стандардот и според рокот со цел оваа состојба да се реализира со професионалност и транспарентност, во моментот кога ќе биде готов конечниот план, ќе биде доставен до комисијата за проценка на штети во Скопје“, вели Бесарта Рамадани.

Во Тетово оштетени се 560 земјоделци, како и домаќинства кои претрпеа штети од поплавите, но и штети од град. Во јуни 2024 година градоначалникот на Тетово заедно со Министерството за земјоделство излегоа на терен да вршат увид на состојбата, каде на земјоделците им беше ветено обештетување.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:невремеобештетувњепоплаватетовско
Претходен напис Трамп воведе ЦАРИНА за Македонија од 33% – ова е целосната листа
Следен напис Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?