Пред неколку дена присуствував на работна средба со министерот за земјоделство, откупувачите и извозниците на земјоделски производни од струмичкиот регион каде што конкретно се разговараше и прецизираше цената на пролетната зелка. Всушност, на средбата самите откупувачи предложија во наредните 10 дена минималната откупна цена на пролетната зелка да изнесува 40 денари. Меѓутоа, денес после разговорот со многу земјоделци ми беше укажено дека тој договор не се почитува од страна на поединци трговци кои со години профитираат на грбот на чесните и вредни земјоделци, пишува на ФБ пратеникот Миле Цеков.

Имено, одредени откупувачи на откупна кантарна белешка пишувале цена од 40 ден, но ја намалувале тежината се со цел во пракса цената да изнесува 35 ден за килограм од измерената количина.
Затоа, упатив апел до надлежните институции односно земјоделскиот инспекторат да ја утврди состојбата, а истовремено ги охрабрувам земјоделците да достават факти до надлежните институции.
Потребно е да се донесе закон за загарантирани минимални откупни цени на земјоделските производи и неделни цени.
Фејсбук статус на Миле Цеков – Пратеник
