Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗК Пелагонија поставува нови стандарди на работење со иновација која значи голем чекор напред кон одржливо и прецизно земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > ЗК Пелагонија поставува нови стандарди на работење со иновација која значи голем чекор напред кон одржливо и прецизно земјоделство
Агросектор

ЗК Пелагонија поставува нови стандарди на работење со иновација која значи голем чекор напред кон одржливо и прецизно земјоделство

Објавено 28/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дигитализација во земјоделско производство – ЗК ПЕЛАГОНИЈА!

Со огромно задоволство споделуваме дека ЗК Пелагонија успешно ја усвои дигиталната трансформација во земјоделството, поставувајќи нови стандарди за паметно и одржливо производство!

Во рамките на оваа револуционерна трансформација, ЗК Пелагонија имплементираше неколку агро-станици и обемна мрежа на сензори за влага, температура и соленитет на почвата, овозможувајќи прецизни податоци за подобрување на ефикасноста особено во наводнувањето.

Овој напреден хардвер е поддржан од интегриран софтверски систем, кој овозможува целосна дигитализација на управувањето со фармата – означувајќи целосен премин кон напредно земјоделие познат под терминот Agriculture 4.0!

Со воведувањето на систем за поддршка на носење одлуки околу агротехничките мерки (DSS), сите агрономски активности сега се управувани врз основа на прецизни податоци, што води до оптимизирана продуктивност и одржливост.Овој значаен напредок отвора нови можности за прецизно земјоделство, правејќи го производството поефикасно, економично и со висок квалитет. Дополнително, оваа дигитална основа создава идеални услови за идната автоматизација на наводнувањето, сеидбата, третманите и другите клучни земјоделски процеси.

Во текот на имплементацијата, имавме чест да соработуваме со исклучителен тим професионалци од ЗК Пелагонија, чии посветеност и експертиза беа клучни за успехот на проектот. Посебна благодарност до Andrej Mickovski @Моника Павловска, двајца извонредни агрономи, чие знаење и ангажман беа непроценливи – од планирање, инсталација, па се до обуката за користење на истиот.

Горди сме што имавме можност да соработуваме со ЗК Пелагонија АД Битола и да бидеме дел од модернизацијата кон попаметно, поодржливо и поиновативно земјоделство!

Фејсбук статус на S Smart Farming Technologies

Може да ви се допадне

Во ЗК Пелагонија работилницата на тема: „Управување со здравјето на чапунки и нивно влијание врз репродукција на млечни крави“
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Таг:битолаЗК Пелагонијаиновативностмодернизација
Претходен напис Земјоделците Роберт Деспинов , Горан Богески и Оливер Челиковски- Нови сопственици на трактор СОЛИС 90
Следен напис Валандово и Босилово ги повикуваат граѓаните да ги пријават штетите од голомразицата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?