Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во кривопаланечкото Жидилово сопственици на говеда спречиле ветеринари и полициските службеници во спроведување вонреден инспекциски надзор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во кривопаланечкото Жидилово сопственици на говеда спречиле ветеринари и полициските службеници во спроведување вонреден инспекциски надзор
Агровести

Во кривопаланечкото Жидилово сопственици на говеда спречиле ветеринари и полициските службеници во спроведување вонреден инспекциски надзор

Објавено 13/03/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полициски службеници од ОВР Крива Паланка, утрово, во кривопаланечкото село Жидилово, спровеле вонреден инспекциски надзор во три одгледувалишта за говеда и направиле нов обид за одземање на животни од видот говеда, поради сторен прекршок согласно одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Како што денеска соопштија од АХВ, со надзорот било утврдено дека сопствениците на говедата не постапиле согласно добиените известувања од 05.03.2025, година со кое биле задолжени во ограден простор, во период од 05.03.2025 до 14.03.2025 година да ги обезбедат животните, заради спроведување на увид во однос на идентификација на животните и нивниот здравствен статус за болестите туберкулоза и бруцелоза кај говедата, а со цел спроведување на извршните решенија за одземање на говедата од трите одгледувалишта од 17.04.2024 година.

– Како и во неколкуте обиди за одземање на животните досега, сопствениците на говедата од трите одгледувалишта, денес и едно непознато лице, ги спречиле официјалните ветеринари и полициските службеници во спроведувањето на вонредниот инспекциски надзор, растерувајќи ги десеттината говеда кои се наоѓале во близина на една од шталите, со што е оневозможено нивното идентификување и проверка на здравствениот статус, а со тоа и спроведувањето на решенијата за одземање на животните, се наведува во соопштението.

Против трите одгледувачи на говеда, кои во моментов во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство имаат пријавено 486 говеда (состојба 13.03.2025 година) од сите категории, претставки со наводи за уништување на имоти и посеви од говедата кои се движат без никаков надзор низ селото и планината, до АХВ се поднесени уште во 2023 година. Лани, поединци, со една претставка и триесеттина сопственици на имоти во близина на селото, како и Општина Крива Паланка до која се обратиле жители од ова село, до АХВ биле поднесени 6, а годинава 4 претставки против овие одгледувачи на говеда, чија бројка поради немарност и негрижа на сопствениците и нивното неконтролирано размножување, сега по проценка на официјалните ветеринари изнесува над 600 животни кои неконтролирано се движат, не само во близина на селото, туку и во градот Крива Паланка и по сообраќајниците, магистралните патишта, предизвикувајќи сообраќајни незгоди.

Решенијата за одземање на животните, се посочува во соопштението, донесени се во 2024 година по спроведени вонредни инспекциски надзори во трите регистрирани одгледувалишта во Ветеринарно информативниот систем на АХВ, каде во неколку наврати од страна на официјалните ветеринари, не се најдени животни во одгледувалиштата, утврдени се недоследности во однос на евидентирањето на употребата на ветеринарно медицински препарати, како и необезбедување на заштита и благосостојба на животните, неспречување на нанесување на непотребна болка и страдање или повреда и необезбедување на соодветни услови за животните, кои место под надзор, слободно се движат низ селото и околината. Поради овие утврдени недоследности, потврдени и од страна на Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство, минатата година донесени се решенија за одземање на животните од трите одгледувалишта.

– Постапката за одземање на животните ќе продолжи, со наложување и на други мерки, а за обезбедување на говедата и спроведување на решението за нивно одземање, поради несоработката со сопствениците и недостапноста на теренот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе побара соработка и од други институции, вклучително и од АРМ, најавија од АХВ.

АХВ

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:вонреден инспекциски надзорЖидиловоспречиле
Претходен напис На вториот јавен повик досега се пријавени околу 400 проекти од 51 локална самоуправа
Следен напис Антонио Аргир во „Бизнис-клуб“: „Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?