Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во струмичко пролетната зелка се откупува по РЕКОРДНА ЦЕНА, за килограм се плаќа повеќе од едно евро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во струмичко пролетната зелка се откупува по РЕКОРДНА ЦЕНА, за килограм се плаќа повеќе од едно евро
Агровести

Во струмичко пролетната зелка се откупува по РЕКОРДНА ЦЕНА, за килограм се плаќа повеќе од едно евро

Објавено 12/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На стартот на бербата пролетната зелка во струмичко се откупува за рекордни 60 до 65 денари за килограм. Толку висока откупна цена на почетокот на откупот не паметат ниту трговците, ниту производителите. Според нив, тоа се должи на зголемената побарувачка, но и немањето доволни количини пролетна зелка во соседните земји.

Според трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“, ваквите високи откупни цени се должат на зголемената побарувачка, но и на малата понуда на оваа градинарска култура на почетокот, додека поголеми колични се очекуваат на крајот на месецот.

-Пролетната зелка се извезува во Украина, Романија, Бугарија, во сите поранешни југословенски држави, Полска, Литванија, Латвија, Естонија и Шведска. На високата цена на зелката влијае и фактот што при крај е нејзината берба во Албанија, па затоа сега е зголемена побарувачката за нашата пролетна зелка, вели Витанов.

Според градинарите, годинава зелката е насадена на поголеми површини, но на многу насади забележано е цветање на зелката наместо таа да врзува плод. Според нив, тоа се должи на променливото време и студовите кои го зафатија регионот во средината на минатиот месец.

Инаку, покрај пролетната зелка по високи откупни цени се откупуваат и младите пиперки за кои се плаќа од 200 до 230 денари за килограм. Лутите пиперки се откупуваат за 10 денари за парче, а краставиците од домашните произодители од 100 до 110 денари за килограм. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелкапласманструмичкоцена
Претходен напис Фискалниот совет предупредува дека државата троши премногу пари за пензии
Следен напис Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?