Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни   
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни   
Агровести

Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни   

Објавено 10/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија предложи промена на анексите IV и V од Директивата на ЕУ за живеалишта на животните, со кои волците од статус на „строго заштитени“ применуваат во „заштитени“ животински видови, согласно измените на Бернската конвенција на Советот на Европа, што стапија во сила во петокот.  

Со Предлог-измените, како што соопшти Еврокомисијата, на земјите членки на ЕУ ќе им се даде „дополнителна флексибилност во управувањето со нивните локални популации на волци“, со цел да можат да преземат мерки кои се добро прилагодени на регионалните околности.   

– Земјите членки се уште ќе имаат можност да одржат повисоко ниво на заштита на волкот, доколку се смета дека тоа е неопходно според националното законодавство, се наведува во соопштението.  

ЕК најави и дека преку финансирање и други форми на поддршка, ќе продолжи да им помага на земјите членки и на засегнатите страни во дизајнирањето и спроведувањето на соодветни мерки за спречување на штетите што би можеле да ги предизвикаат волците.  

По повод ваквиот предлог, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен посочи дека тој доаѓа во време кога глутниците волци во некои европски региони „станаа вистинска опасност, пред се за добитокот“.  

– Предлагаме промена на законодавството на ЕУ што ќе им помогне на локалните власти активно да управуваат со популациите на волци, притоа штитејќи ги и биодиверзитетот и нашите рурални средства за живот, нагласи Фон дер Лајен. 

Предлогот на Европската комисија следи откако Постојаниот комитет на Бернска конвенција за зачувување на европскиот див свет и природните живеалишта, во вторникот го прифати на Амандманот на ЕУ со кој статусот на волците во документот се намалува од „строго заштитени“ во „заштитени“ животини. 

Амандманот на ЕУ го поддржаа сите нејзини земји членки, како и Северна Македонија, Андора, Грузија, Ерменија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Норвешка, Србија, Украина и Швајцарија. Против предлогот на ЕУ се изјаснија Албанија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Монако и Црна Гора, а Тунис и Турција беа воздржани. 

Усвојување на Амандманот, Фон дер Лајен го поздрави како „важна вест за нашите рурални заедници и земјоделци“. Прифаќањето на Амандманот беше оценето како лична победа на Фон дер Лајен, имајќи предвид дека нејзиниот пони коњ Доли угина при напад од волк во 2022 година. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:„строго заштитени“волцитеЕвропаживотни
Претходен напис Трипуновски: Нема да дозволам земјоделци – фантоми да се богатат на грбот на државата, земјоделското земјиште нема да се злоупотребува
Следен напис АПЛИЦИРАЈТЕ ДО 29 МАРТ: Нов трактор и механизација со неповратен ИПАРД грант до 70%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?