Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Нема да дозволам земјоделци – фантоми да се богатат на грбот на државата, земјоделското земјиште нема да се злоупотребува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Нема да дозволам земјоделци – фантоми да се богатат на грбот на државата, земјоделското земјиште нема да се злоупотребува
Агровести

Трипуновски: Нема да дозволам земјоделци – фантоми да се богатат на грбот на државата, земјоделското земјиште нема да се злоупотребува

Објавено 10/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Земјишната политика е клучен елемент во делот ако сакаме да го враќаме производството таму каде што некогаш бевме. Мојата обврска во првите месеци е ревизија на се она што е поделено како земјоделско земјиште“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во емисијата „Аграр“.

„Ние само сакаме да провериме дали земјоделското земјиште во државна сопственост се работи согласно за тоа што било побарано да биде користено“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека се спроведува акција во делот на контролата на големите корисници, односно кај големите површини кои што се дадени на одредени правни субјекти. За почеток имаше два правни субјекти кои што бесправно го користеле земјоделското земјиште, а од друга страна користеле и субвенции.

„Оваа контрола ќе продолжи во наредниот период. Контролата ќе значи ослободување на земјоделското земјиште и истото ќе биде доделено на вистинските земјоделци“, нагласи тој.

Министерот посочи дека нема да дозволи земјоделци фантоми да профитираат на грбот на државата.

„Минатата година завршивме Јавен повик кој што беше објавен во времето на техничка Влада и поделивме 967 договори. Додека пак пред месец и половина, за време на новогодишните празници течеа Јавни повици кои што беа на барање на земјоделците. Јавните повици завршија, Комисиите работат и крајниот рок е некаде средина на месецот да бидат изработени сите апликации. Пристигнати се над 2.000 апликации“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека наредната фаза на распределба на земјиште ќе биде со оглас, со точно дефинирани парцели. Тогаш ќе има парцели не помали од 10 хектари, бидејќи потребно е да се размислува и на окрупнување на земјиштето.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:богататземјоделското земјиштеземјоделци – фантомизлоупотребуваТрипуновски
Претходен напис УШТЕ 20 ДЕНА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Нова земјоделска механизација и опрема со неповратен грант од ИПАРД до 70%
Следен напис Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни   
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?