Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво
Агровести

Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво

Објавено 07/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари  годинава, изнесува 0,5  проценти. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според ДЗС, зголемувањето на инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и
наркотици за 0,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0,6 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,5 проценти, Здравје за 0.2 проценти и Комуникации за 0,1 процент.

Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3 проценти, Облека и обувки за 0,3 проценти, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0,2 проценти. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во февруари во однос на јауари годинава се намалени за 0,6 проценти. 

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:животзголемениТрошоцитефевруари
Претходен напис Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
Следен напис Северна Македонија станува дел од СЕПА: Полесни и побрзи плаќања во евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?