Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов рекорд во освоени медали за вината на TikvešChâteaux&Domaines на годинешниот MundusVini во Германија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов рекорд во освоени медали за вината на TikvešChâteaux&Domaines на годинешниот MundusVini во Германија
Агровести

Нов рекорд во освоени медали за вината на TikvešChâteaux&Domaines на годинешниот MundusVini во Германија

Објавено 05/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни меѓународни вински натпревари – MundusViniSpringTasting 2025, што се одржa во Германија, вината на „TikvešChâteaux&Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени девет златни и два сребрени медали.

Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина DomaineLepovoChardonnay 2023 и Bela VodaWhite 2023, како и црвените премиум вина Barovored 2019, Barovored 2021, Bela Vodared 2021, AlexandriaCuveered 2023, Babunared 2022 и LudaMaraRedCuvee 2023. Златен медал освои и виното Terrasse a l’Ombre 2022, произведено во винарницатаChateaudeGourdon во Франција. Сребрени медали освоија вината VranecLudaMara 2022 и LudaMaraWhiteCuvee 2024.

„Освоените девет златни и два сребрени медали на еден од најголемите и најценети светски вински натпревари за нас имаат исклучително значење и нѐ прават особено горди. Фактот што тие се освоени во исклучително силна конкуренција од илјадници квалитетни вина кои доаѓаат од најпознатите светски вински региони, ни дава уште поголема мотивација, бидејќи со тоа се истакнува високиот квалитет на нашите вина на светско ниво и се потврдува водечката позиција и високата репутација на ‘Тиквеш’ како најрепрезентативен и најтрофеен производител на автентични премиум вина од нашиот регион“, истакнуваат  од „Тиквеш“.

MundusVini несомнено е еден од најважните вински натпревари, кој се одржува двапати годишно, во пролетна и летна сесија. Пријавените вина на натпреварот се оценуваат од меѓународно жири, составено од врвни познавачи на виното,познати енолози исомелиери од 40 земји. Оценувањето на вината се одвива по методот на дегустација „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на вината што ги оценуваат.

Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на MundusVini и на останатите реномирани светски вински натпревари, на кои годишно освојува и по повеќе од 100 медали и признанија. Овие награди не само што ја зацврстуваат репутацијата на вината на „Тиквеш” на интернационалните пазари, туку придонесуваати за глобалната промоција на македонското вино воопшто и за зголемување на неговата препознатливост во светот.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:MundusViniTikvešChâteaux&DomainesГерманијамедалирекорд
Претходен напис Нов ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година
Следен напис Цените на угостителските услуги во февруари на годишно ниво зголемени за 6.0 %
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?