Во рамките на унгарско-македонски владин самит, во Будимпешта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски остварил конструктивна средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги.
На средбата, како што денеска соопштија од МЗШВ, се разговарало за предизвиците со кои се соочува секторот земјоделство.

– Во текот на разговорот со министерот Иштван Наги се согласивме дека е потребно да се продлабочи соработката помеѓу двете министерства, додал министерот Трипуновски.
На средбата меѓу другото било истакнато дека Унгарија е пријателска земја и силен поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграцискиот процес.
– Да ја интензивираме соработката помеѓу двете институции, да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи, додал министерот Трипуновски, при што посочил дека фокусот на соработката со Унгарија е подобрување на одржливоста на земјоделското производство.
