Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Димковски: Ги повикуваме граѓаните да купуваат домашни производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Димковски: Ги повикуваме граѓаните да купуваат домашни производи
Агровести

(ВИДЕО) Димковски: Ги повикуваме граѓаните да купуваат домашни производи

Објавено 16/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски одржа прес-конференција на којашто соопшти дека Владата на Република Северна Македонија ќе ги овозможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одговори на барањата на земјоделците.

Министерот Димковски посочи дека производството на храна мора да продолжи да се одвива непречено и во наредниот период, а земјоделците мора да ги продолжиат своите работни активности, a Владата презема мерки со коишто ќе се ублажат последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој.

„Изминатиот период како ресорно министерство, преземавме мерки коишто  ќе им помогнат на земјоделците и на стопанствениците од агросекторот, во оваа вонредна состојба да имаат ренатбилно земјоделско производство и пласман за производите.  Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 год. се продолжува до 12-ти ноември 2020 година. До истиот рок, нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина. Склучувањето на договори кој го склучуваат производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун, го продолживме до 30-ти април. Ги ставивме во мирување роковите за сите јавни повици за поднесување проекти и реализација на инвестиции од Националните програми и од ИПАРД 2 програмата. Со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари по грло”, изјави Димковски.

При тоа Димковски посочи дека засега нема никаков притисок врз сигурноста на храната, но земјоделците се соочуваат со потешкотии во пласманот на земјоделски производи.

“Токму поради тоа, МЗШВ ја воведе и ја стави во функција платформата “Понуда и Побарувачка“ којашто сите земјоделци може да ја користат. На оваа платформа, земјоделците може да ги понудат своите производи.Ги повикувам земјоделците, да ја користат и платформата „Понуда и побарувачка“, што ја воведе Министерството за земјоделство, а преку којашто можат да ги понудат своите производи. За да го заштитиме домашното производство ги повикувам граѓаните да купуваат домашни производи, со што ќе се поддржи локалното производство.Зелените коридори за побрз транспорт на стока веќе функцонираат и тоа во значителна мера ќе ја олесни трговијата со земјоделски производи. “, изјави Димковски. 

Покрај оваа поддршка министерот Димковски истакна дека, земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според Законот за трговски друштва, ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:zemjodelstvoИпардмзшвпрес
Претходен напис МЗШВ: Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот
Следен напис Министерот Димковски со порака до откупувачите на зелка: Утре на странските партнери да им понудите повисоки цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?