Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во време на криза, земјоделците и властите во Бугарија разговараа за итните мерки и пазарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во време на криза, земјоделците и властите во Бугарија разговараа за итните мерки и пазарите
Агровести

Во време на криза, земјоделците и властите во Бугарија разговараа за итните мерки и пазарите

Објавено 15/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Земјоделците инсистираат уредбата за малопродажните ланци да важи на неодредено време, бидејќи сега  е привремена – до 31 декември.

Премиерот на Бугарија  Бојко Борисов и министерката за земјоделство Десислава Танева, одржаа видео конференција со стопанствениците од  различни сектори на  земјоделството како што се:  овоштарство , градинарство,  риболов и пчеларство, објави владината информативна служба.

Во разговорите, посебно внимание посветија  за новата уредба на владата со која се задолжуваат малопродажните ланци во своите продавници  да продаваат  бугарски производи, произведени од  локални – регионални производители. Беа коментирани и други државни мерки во услови на вонредна состојба против ширењето на корона вирусот. Земјоделците ги истакнаа  потешкотиите со кои се соочуват  при продажбата на своите производи.

Премиерот истакна дека државата прави сé што може за да го поддржи земјоделскиот сектор и домашното производство.

 „Најважно е да ве зачувамево живи и здрави, а сè друго ќе дојде само по себе, ние ќе се ангажираме и ќе го направиме тоа што треба. Сега се бориме со овие  мерки за да ви помогнеме и да направиме се што се може. Мојата основна цел е да сме  живи “, рече Борисов.

Министерката за земјоделство Десислава Танева истакна дека целта е да се поддржат малите и локални бугарски производители за да се обезбеди нивниот опстанок. Според неа, локалните  производи  се посвежи, а потрошувачите треба да имаат  пристап до нив.

Стопанствениците изјавија дека ги поддржуваат напорите што ги прави владата  и  се согласија дека оваа владина уредба  е алтернатива за малите производители.

 Претставниците на  различните сектори  забележаа дека ваквата организација треба да ја применат и  другите земји. На средбата, производителите истакнале дека сакаат да ги продаваат своите производи во Бугарија и според нив, малопродажните ланци се соодветен канал за продажба на нивните производи.

 Тие исто така инсистирале уредбата да важи без ограничување. Засега важи до 31 декември 2020 година. Земјоделците исто така истакнале дека се восхитуваат на напорите на државата  за да ги реши проблемите во земјоделскиот сектор.

За време на разговорот, министерката Танева истакна дека воведениот услов млечните производи да бидат целосно произведени од бугарско сирово млеко, има за цел да го поддржи секторот сточарство  и млечна индустрија. Причина за тоа е падот на  цена на млекото  во цела Европа. Производителите изразија задоволство  и од  навремената  исплатата  на  субвенциите бидејќи Државниот фонд за земјоделство (СФА) се придржува до најавениот распоред за исплата.

Извор :Агрибг

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бојко Борисовбугаријавидео конференцијаДесислава Танева
Претходен напис „Хемометал“ ви го претставува новиот бренд за Гарден програма RURIS
Следен напис (ВО ЖИВО) Прес конференција на министерот за земјоделство, Трајан Димковски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?