Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кутревски: Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кутревски: Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки
Агровести

Кутревски: Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки

Објавено 20/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во најновото тринаесетто издание на поткастот „Бизнис-клуб“ е Анатол Кутревски, втор извршен директор на „Пекабеско“ АД Скопје, кој зборува за недостигот од работна сила како сериозен проблем со кој се соочува македонската економија и за инвестициите во автоматизација во семејната фирма за да се ублажи проблемот со недостигот од работна сила.

„Инвестициите ги насочуваме кон автоматизација и обнова на старите машини од причина што се соочуваме со проблемот на недостиг од работна сила и гледаме тоа да го надополниме со инвестирање во машини со кои ќе требаат помалку луѓе за работа. Но луѓето не можат да се заменат во целост. Има мануелни процеси во кои луѓето можат да се заменат, но има и процеси во кои човекот тешко може да биде заменет“, изјави Кутревски.

Во разговорот Кутревски истакна дека намалувањето на демографијата станува сериозен проблем за државата бидејќи доведува до недостиг од работна сила, а тоа влијае врз развојот на државата. Според него, ако државата нема луѓе, ќе нема за кого да се произведува во иднина, а за компаниите, иако вложуваат во автоматизација на машините и на опремата, ќе дојде момент кога ќе нема луѓе кои би работеле со нив.

„Ќе се доведеме до ситуација многу компании во државава да одбиваат работа поради недостиг од работна сила“, изјави Кутревски.

Во поткастот со Бранко Азески, Кутревски зборува за своето образование, кое го стекнал на Американскиот колеџ во Солун, насока Бизнис-администрација, а своето магистерско звање го стекнал на Државниот универзитет во Охајо, САД. Тој истакнува дека во студиските програми на овие универзитети посебен акцент се става врз критичкото мислење и врз решавањето на проблемските задачи. Нивната цел не е насочена кон создавање дипломирани студенти со енциклопедиско знаење, туку кон тоа како студентот да размислува критички, да донесува заклучоци и да расудува за да може да реши одреден проблем и да ја донесе најдобрата одлука.

И покрај тоа што своето образование го стекнал на странски универзитети, професионалната кариера ја започнал во сопствената земја, во семејната фирма „Пекабеско“, фирма со 405 вработени, годишен обрт од 100 милиони евра и со извоз од 15 милиони евра.

Во продолжение на подкастот зборува за својот ангажман во фирмата, за нејзиниот раст и за инвестициските вложување за нејзин напредок. Но истакнува дека ако фирмата сака да расте и да го прошири своето производство на европскиот пазар, мора да има корпоративна структура и постојано да биде присутна на тие простори за да се има контрола и хиерархија која ќе го следи работењето. Според него, големо значење има и едукацијата на кадарот, па затоа тие секогаш вложуваат во неговата едукација преку внатрешни обуки во фирмата, но честопати ги користат и обуките што се нудат и преку Стопанската комора.

Запрашан зошто цената на производите постојано расте, Кутревски потенцираше дека нашата економија е увозно зависна и дека тоа влијае врз цената, но и дека ништо не се работи на тоа поле за да се подобри состојбата.

За надградба на своето образование учествувал во програмата Келог за извршни директори на Универзитетот „Нортвестерн“, организирана од Македонија 2025, што му овозможило добиените искуства да ги примени во своето работење.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дипломираниот студентзнаењекритичкикутревскиодлуки
Претходен напис Студенти и пензионери ќе може да работат БЕЗ ДА ГИ ИЗГУБАТ СТИПЕНДИИТЕ И ПЕНЗИИТЕ
Следен напис Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?