СИМПАК е мултинационална компанија со успешно присуство во шест земји, а од минатата година и во Македонија со седиште во Неготино. Како дел од нашата стратегија за раст и позиционирање на глобалниот пазар, горди сме што нашето македонско претставништво е важен дел од овој успех.

Минатата недела, како дел од СИМПАК ГРУП, се претставивме на престижниот саем Fruit Logistica 2025 во Берлин – еден од најголемите светски настани за овошје и зеленчук. Нашето учество го потврди квалитетот на производите и посветеноста на иновации и одржлив развој, кои се темел на нашиот успех.

На македонскиот пазар нудиме квалитетни решенија за пакување на овошје и зеленчук, кои се прилагодени на потребите на нашите клиенти. Дополнително, обезбедуваме логистичка поддршка, рентање на машини и сервисна поддршка 24/7, со што ги олеснуваме сите процеси поврзани со пакувањето и дистрибуцијата.

Во нашата понуда се вклучени картонска амбалажа и картонски агли, изработени по највисоки стандарди и прилагодени според специфичните барања на клиентите.



Со иновативни решенија и професионален пристап, нашата цел е да обезбедиме сигурност и квалитет за секој партнер и да го поддржиме нивниот успех на пазарот.


Со гордост продолжуваме да градиме нови партнерства и да го претставуваме македонското производство на светската сцена. Нашата цел е да понудиме врвни производи кои ги задоволуваат највисоките стандарди и да бидеме мост меѓу локалното и глобалното.

Контактирајте на
тел-071 369 010
mail: [email protected]
