Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > (ВИДЕО) Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“
Агросектор

(ВИДЕО) Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Објавено 13/02/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на најголемата млекарница во државава, „Млекара“ АД Битола („Бимилк“). Петрушев претставува редок пример на кадар кој својот професионален развој го поминал и во државниот и во приватниот сектор.

Во подкастот Петрушев зборува за напредувањето во професионалниот живот, кој го започнал во јавниот сектор, од самостоен соработник во Агенцијата за санација на банки преку раководител во Македонската банка за поддршка на развојот до државен секретар во Министерството за економија на Република Македонија и за неговата одлука да премине во приватниот сектор.

Првото вработување во приватниот сектор му е во Групацијата М6, каде што бил задолжен за напредокот и за ребрендирањето на „Тиквеш“, како и за трансформацијата на производството од наливно вино до вино во шише – производ со додадена вредност.

Според него, работата во Агенцијата за санација на банки му помогнала во градењето на неговата личност како професионалец, преку неговиот ангажман за намалување на долгот на државата од емисијата на државните обврзници, со кој бил саниран билансот на „Стопанска банка“ Скопје, која во тој период сè уште не била приватизирана, според примерот на Словенија, која го поминала тој процес. Тој ги истакнува „Пивара“ АД Скопје и „Тиквеш“ Кавадарци како позитивни примери за добри побарувања. „Пивара“ АД Скопје претставувала првиот затворен случај во Агенцијата кој успеал максимално да ги искористи придобивките и веднаш да го затвори својот долг. Соработката со „Пивара“ АД Скопје му овозможила да увиди како функционира една добро организирана и структурирана компанија.

Во разговорот со Азески тој истакнува дека за економски развој на државата од голема важност е соработката меѓу државниот и приватниот сектор, а прв таков обид на една маса да седнат и јавниот и приватниот сектор се остварил преку формирањето на Националниот совет за претприемништво, при што државата имала можност да ги искористи искуството и добрите практики на приватниот сектор. Според него, денес тоа продолжува со формирањето на Националниот совет за извоз, со кој претседава претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, а со него на иста маса седат премиерот на Владата на РСМ, претставници на бизнис-секторот и  претставници на државните институции и таму ќе се одвива јавно-приватниот дијалог, ќе се третираат области и прашања поврзани со извозот и ќе се канализираат сите предизвици и пречки со кои ќе се соочуваат компаниите во своите извозни активности, не само во регионот, туку и пошироко.

„Националниот совет за извоз, кој започна со работа, навистина ќе обезбеди форум на кој нема да се зборува само за политики, процедури и барања, туку компаниите ќе се едуцираат и ќе им се помогне во нивните извозни напори, а извозот е потребата на оваа земја. Ние сме толку мала економија што сами за себе апсолутно не сме доволни“, изјави Ѓорѓи Петрушев.

Во продолжение на подкастот зборува за пробивањето на винаријата „Тиквеш“ на регионалните пазари и пошироко и за отворањето винарија во Франција. Според него, рецептот за успех е поголема присутност на светските пазари преку поорганизиран и заеднички настап на компаниите, со поддршка од државата и од Комората, како и моќта на харизмата и на интеракцијата со луѓето. Посебно го истакна примерот со германската канцеларка Ангела Меркел, која одела, соработувала и ги предводела мешаните државни стопански делегации во претставувањето на нивното производство заради освојување нови пазари.

Петрушев во разговорот со Азески изјави дека државата нема стратегија за поддршка на македонските брендови и дека постои мислење оти компанијата може сама да работи зашто веќе има силен бренд.

Запрашан од аспект на човек кој работел во јавната администрација зошто нема интерес бргу да се решаваат предизвиците за кои постојано зборува Стопанската комора, како што се 1) борбата против корупцијата и сивата економија, 2) брзата гасификација на државата и 3) инвестициските и извозните активности на компаниите кои можат да обезбедат континуиран економски раст на државата од над 4 %, Петрушев објасни дека се потребни акција и брза операционализација на она што го предлага Комората како гласноговорник на бизнисот.

„Млекарница“ АД Битола, како водечка млекарска компанија во државава, за своите активности за општествена одговорност годинава беше наградена со Орден на мирот од Детската амбасада за сите деца во светот. Компанијата е основана во 1952 година и опслужува повеќе од 1 милион потрошувачи со безбедни и нутритивни млечни производи. Во својата повеќе од 70-годишна традиција континуирано инвестира во својата база на сурово млеко, модерна технологија, ESG и во иновации на производите.

Стопанската комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи согласно податоците бележи раст за над 5 прoценти
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра 
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Таг:бизнис клубЃорѓи Петрушеведукацијатаизвоз
Претходен напис АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети
Следен напис Утре почнува исплатата на субвенциите за лозарите, најави министерот Трипуновски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?