Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стапи во сила Регулативата на ЕУ за пакување и отпад од амбалажа 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стапи во сила Регулативата на ЕУ за пакување и отпад од амбалажа 
Агровести

Стапи во сила Регулативата на ЕУ за пакување и отпад од амбалажа 

Објавено 11/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во ЕУ денеска стапи во сила Регулативата за пакување и отпад од амбалажа, која предвидува нови мерки за справување со еколошките предизвици предизвикани од амбалажата на производите, што би требало да резултира со намалување на емисиите на штетни гасови, на употребата на вода и на трошоците во индустријата за амбалажа. 

Паралелно, оваа Регулативата ќе создаде нови можности и за секторите за рециклирање и одржливост, како важен чекор кон обезбедувањето поциркуларна, одржлива и конкурентна економија во ЕУ. 

Новите мерки имаат за цел да развијат единствен пазар за секундарен отпад и материјали за повеќекратна употреба, промовирање на рециклирањето и намалување на зависноста од примарните ресурси.  

– Тие вклучуваат промовирање повторна употреба или полнење, како алтернативи на пакувањето за еднократна употреба, и подобрено информирање на потрошувачите. Амбалажата ќе биде поодржлива и ќе им овозможи на потрошувачите повторно да ја користат и поефикасно да го сортираат својот отпад од амбалажа, со решенија приспособени на специфичните потреби на земјите членки и бизнисите. Регулативата на тој начин ќе ја подобри ефикасноста на ресурсите и ќе ја зголеми циркуларната употреба на материјалите, се наведува во соопштението на ЕК. 

Се очекува оваа Регулатива да понуди нови деловни можности, да генерира работни места и да поттикне иновативни решенија за амбалажата.

– Тоа ќе ја зголеми и ефикасноста во секторот за рециклирање, а дополнително, ограничувањата за одредени опасни материи ќе ги заштитат здравјето на потрошувачите и животната средина, се додава во соопштението. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:амбалажаеуРегулативатаСтапи во сила
Претходен напис (Видео) НАЈНОВА IV ГЕНЕРАЦИЈА НА ТРАКТОР, LOVOL P4110 – Висока технологија и перформанси
Следен напис Во Прилеп се одржа конференција за вклучување на младите во зеленото претприемништво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?