Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Програмата е објавена во Службен весник бр.26 од 6.02.2025 година.
Подмерка 1.14. Директни плаќања за површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои располагаат со обработлива земјоделска површина оставена за угар или зелено ѓубрење во време од една година и на истата е спроведена најмалку една од следните агротехнички мерки најдоцна до 15 јули 2025 година и тоа :
1. Угарење односно заорување на површината;
2. Зелено ѓубрење односно сеидба на мешавина од житни и протеински култури за зелено ѓубрење и нивно заорување во рана пролет;
3. Косење, мулчирање или било каков метод на обработка што целосно ќе спречи несакан развој на вегетација;
– Минималната прифатлива површина за која се исплаќа финансиската поддршка изнесува 25% од вкупно пријавената површина збирно за подмерките 1.1. и 1.3. од оваа уредба и
– Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по хектар доколку за оваа подмерка за која се пријавува има поднесено барање за таа парцела од Системот за идентификација на земјишни парцели (во натамошниот текст: СИЗП) во претходната година по обработлива земјоделска површина со поледелски и/или градинарски култури.
Крајниот рок за поднесување на барање за 1.14. Директни плаќања за површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред е 31 мај 2025 година.
