Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нивото на водата во хидроакумулациите во Струмичко е минимално зголемено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нивото на водата во хидроакумулациите во Струмичко е минимално зголемено
Агровести

Нивото на водата во хидроакумулациите во Струмичко е минимално зголемено

Објавено 11/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За четири месеци минимално е зголемено нивото на хидроакумулациите во Струмичко, посебно на поголемите, информира за МИA од АД „Водостопанство на Македонија“-Подружница „Струмичко Поле“ Струмица.

Во најголемата акумулација „Турија“, од која со вода за пиење се снабдуваат општините Струмица и Василево, до денеска се собрани 12.202.000 метри кубни вода од вкупно 50 милиони, односно од октомври лани нивото е зголемено за повеќе од половина милион кубни метри вода. Во „Водоча“ денеска се измерени 8.651.000 кубни метри вода од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода.

Од„Струмичко поле“ очекуваат помалите акумулации Новоселка, Иловица и Маркова река да се наполнат, а единствено најмалата акумулација Чаушица засега прелева.

Според анализите, сегашното ниво на акумулациите е незадоволително и доколку продолжи сушниот период, тогаш сегашните количини на вода ќе се чуват за вода за пиење и дел за наводнување од браната Водоча.

Од АД „Водостопанство на Македонија“-Подружница „Струмичко Поле“ Струмица апелираат до потрошувачите рационално да ја трошат водата.

Од акумулацијата „Турија“ градот Струмица троши меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно, а за наводнување се користат 18 милиони кубни метри вода, додека од браната „Водоча“ се трошат околу 6 милиони кубни метри вода за наводнување. 

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:водатазголеменострумичкохидроакумулациите
Претходен напис ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
Следен напис Висина на СУБВЕНЦИИ за површини наменети  за ЗЕЛЕНО ЃУБРЕЊЕ или  УГАР во плодоред за 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?