Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За пет дена во Струмица изречени казни на три компании по 9.000 евра за загадување на животната средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За пет дена во Струмица изречени казни на три компании по 9.000 евра за загадување на животната средина
Агровести

За пет дена во Струмица изречени казни на три компании по 9.000 евра за загадување на животната средина

Објавено 08/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општинскиот Инспекторат за животна средина на Општина Струмица за пет дена изрече глоби на три компании од 9.000 евра и 500 евра за управителот на правниот субјект, а на други им е наложено да постават филтри за да не го загадуваат амбиенталниот воздух.

Покрај компаниите, казнет е и еден граѓанин со 250 евра, а во повеќе наврати кај инспекторите е пријавено палење оган на отворено и горење најразлични материјали. Таков случај е забележан и денеска, кога по претходна пријава од општински инспектор, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тројца пожарникари гаснеле пожари на отворено меѓу селата Свидовица и Банско и во близина на Булеварот „Климент Охридски“ покрај одводниот канал. И на двете локации биле запалени сува трева, ѓубре и електричен столб. Пожарите се успешно локализирани и ликвидирани за кратко време по пристигнувањето на пожарникарите.

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов на својот фејсбук профил објави апели за намалување на загадувањето.

-Нема компромиси со некој кој сака да ја загадува и пали Струмица! Следува ригорозен пристап. Борбата е заедничка апелирам на соработка со централните институции!, објави денеска струмичкиот градоначалник.

Како што најави, секојдневно има вонредни надзори кои се спроведуваат од страна на Инспекторот за животна средина на Општина Струмица и резулатите од нив се објавуваат на официјалната страница на Општината.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:9.000 евразагадувањеказнипет денаСтрумица
Претходен напис УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
Следен напис Висина на СУБВЕНЦИИ за 2025 година за сите ПОЛЕДЕЛСКИ култури, лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?