Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана
Агровести

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана

Објавено 04/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел. 

– Очигледно има нови предизвици и растечки неизвесности, така што Европската Унија е подготвена за силен, но конструктивен дијалог со САД, изјава Фон дер Лајен.  

Таа нагласи дека ЕУ ги препознава и потенцијалните предизвици во односите со САД и е подготвена цврсто да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана. 

– Викендов бевме сведоци на тоа како беа воведени високи царини за Канада и Мексико. Тие царини ги зголемуваат деловните трошоци, им штетат на работниците и потрошувачите, создаваат непотребни економски нарушувања и ја поттикнуваат инфлацијата. Не гледаме дека нешто добро ќе излезе од нив, порача претседателката на ЕУ. 

Затоа, според Фон дер Лајен, ЕУ им дава приоритет на продуктивните дискусии и навремени ангажмани и останува цврсто посветена на своите мултилатерални обврски, било да станува збор за развојната помош или за остварување на климатски цели. 

– Ние сме целосно свесни за фактот дека имаме свои предизвици кои треба да ги совладаме. Мора да си ја завршиме домашната задача. Така, беше многу јасно кажано дека ќе се фокусираме и на конкурентноста на Европската Унија. Како што изложив и во „Компасот за конкурентност“, имаме цел и патоказ на кои треба да работиме, додаде Фон дер Лајен.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕУодговориподготвенатаргетиранаФон дер Лајен
Претходен напис Оризпроизводителите се подготвуваат за штрајк
Следен напис Јануари 2025 просечно до топол месец и просечен до многу сув
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?