Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Конечно, очекуваме почеток на операцијата за користење на унгарскиот кредит
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Конечно, очекуваме почеток на операцијата за користење на унгарскиот кредит
Агровести

Азески: Конечно, очекуваме почеток на операцијата за користење на унгарскиот кредит

Објавено 27/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската олимпијада започна! Претседателот на САД Трамп е на стартот на 110 метри со пречки. Европа се наоѓа уште на зимската олимпијада во Сараево од 1984 година, а Балканот едвај ја чека параолимпијадата ако може да постигне некој резултат кој ќе биде претставен како “светско чудо”.

А кај нас, бизнисменот Живко Мукаетов кој е на крајот на својот мандат во македонската ракометна федерација покажа како треба да се верува во себе и како треба да се мотивираат другите. Едноставно, со градење на сопствени млади спортисти. Никогаш досега не сум гледал помотивирачки натпревари каде преовладуваат млади ликови полни со желба за докажување. Тоа е примерот кој треба да се следи.

Полека завршува најдолгиот месец во годината, последната недела од него ќе остане забележана како недела на промени во стратешките цели на Комората, како и недела која ќе отвори нови перспективи во Република Северна Македонија.

Прецизно, јасно и кратко!

Во четврток доаѓаат сите претседатели на Коморите од регионот да расправаат за инфраструктурата во функција на развој на бизнисот. Наредниот ден, Комората ќе обзнани неколку институции кои ќе бидат основа за унапредување на извозот.

Тоа значи дека преминуваме од зборови на конкретни дела. Национален совет за извоз, Институт за извоз и Клубот на извозниците ќе бидат централните алатки за поддршка на компаниите.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во овие операции, а пред сè на професорот Дарко Лазаров кој упорно ме убедуваше да ги забрзаме овие процеси. Денес, Клубот на извозници има веќе 200 членови, Институтот започнува со работа, а Советот во 2024 година одржа 3 седници.

Нема да бидат помалку интересни и наредните неколку дена. Конечно, очекуваме почеток на операцијата за користење на средствата од унгарскиот кредит и засилена законодавна иницијатива.

Исто така, во фокусот ќе биде и прашањето за борбата со корупцијата и сивата економија, како круцијални прашања во приоритетите на Комората. Минатата недела имавме и гости од Америка кои нè информираа за почетокот на иницијативата “Трите мориња” со која што конечно економија е пред политиката, што е наша заедничка цел. Се создава зона на бизнисот кој треба да го подигне нивото на животен стандард и профитабилноста на компаниите од Балтичкото, до Црното и Јадранското море.

Но, пред нас се исправаат и други предизвици. Тоа се: продолжување на научната конференција за нови технологија чија прва сесија беше во 2018 година, имплементацијата на анализата која се однесува на додадената вредност, зголемување на продуктивноста и иновативноста на македонските компании, формирањето на Совет за соработка со дијаспората, улогата на компаниите во заштитата и промоцијата на природното, културното и историското наследство на Македонија. Да сумирам, мора да продолжиме со уште пожестоко темпо во имплементација на нашите активности.

П.С. Подкастот на СКСМ и Трето уво продолжува со својата мисија, а таа е да афирмира млади бизнис лидери кои ќе го понесат товарот и ризикот на македонската економија во наредните години. Ви препорачувам внимателно да ги погледнете гостувањата на Глигор Цветанов од Макпрогрес – Виница и Виктор Мизо од Костал – Охрид, двајца докажани бизнис-лидери од внатрешноста.

Бранко Азески, претседател на СКСМ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азескиКонечнокористењеПочетокунгарскиот кредит
Претходен напис Пад на цените на нафтата
Следен напис Температурата утрово над нулата освен во Берово, Битола и Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?