Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Моника Павловска: Запишете се на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје и оставете траен белег врз Земјата!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Интервју > Моника Павловска: Запишете се на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје и оставете траен белег врз Земјата!
Интервју

Моника Павловска: Запишете се на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје и оставете траен белег врз Земјата!

Објавено 20/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интервју со Моника Павловска, превземено од страната на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Причина повеќе за да се запишете на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје!

Што за Вас значење уписот на ФЗНХ-Скопје ? Имавте ли сон?

За мене, уписот на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје беше многу повеќе од избор на студии- тоа беше мисија да ја зачувам земјата што ме израснала и да дадам пример за тоа како можеме рационално да ги искористиме природните ресурси со кои е богата нашата земја. Имав визија да придонесам за нашето општество преку зачувување и унапредување на земјоделството, сектор што е од витално значење за човековиот опстанок.

Омилен предмет од Вашите студии?

Секогаш ме привлекуваа предметите од катедрата за Агроекономика- начинот на кој земјоделството и економијата се преплетуваат, и тоа како бројките можат да го покажат влијанието на земјоделецот како опшествено значаен фактор. Тоа ми помогна дополнително да ја разберам вредноста на секојдневната работа во полето и нејзиниот придонес кон заедницата.

Кога ги завршивте додипломските студии и почнавте со работа, не застанавте со учење.

Повторно изборот за мастер студии Ви беше ФЗНХ- Скопје? Вашите искуства на овие студии?

Во 2021 година, започнав практикантска работа во ЗК Пелагонија паралелно со моите студии. ЗК Пелагонија ми овозможи да се стекнам со практично искуство додека ја учев теоријата на ФЗНХ- Скопје. По дипломирањето во 2022 година, продолжив со работа во истата компанија, тоа ми даде можност да ги применам стекнатите знаења и да напредувам професионално. Во 2024 година, решив да продолжам со мастер студии на ФЗНХ- Скопје, со цел запознавање на нови теоретски концепти и практични методи кои ќе можам да ги применам во моето работно опкружување.

Вашата работа бара посветеност, но Ви овозможи да учествувате на различни проекти и да напредувате. Како овие искуства влијаат на вашето професионално развивање?

Работата ми даде можност да сум дел од различни проекти, конференции и обуки со што имав шанса да создадам важни конекции со професионалци од земјоделскиот сектор. Секој проект и настан е нова можност за учење и напредување, што ми овозможува да ги применам најдобрите практики и иновации во мојата работа, како и да придонесам за унапредување на нашето земјоделство.

Кои совети би им ги дале на студентите кои сега се запишуваат на ФЗНХ?

На новите студенти би им советувала да веруваат во своите квалитети и да се посветат на својот личен и професионален развој. Вие сте важен дел од нашето општество, а вашите напори денес ќе водат до успешна кариера и значаен придонес за заедницата.

Земјоделството е основата на нашиот живот, а вашето знаење ќе биде клучно за неговата иднина.

Запишете се на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје и оставете траен белег врз Земјата!

Може да ви се допадне

Дигиталното земјоделство станува национална приказна: АПРЗ во посета на ФЗНХ
Во ЗК Пелагонија работилницата на тема: „Управување со здравјето на чапунки и нивно влијание врз репродукција на млечни крави“
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Боровинки на балкон? Да, можно е!
ЗК Пелагонија најави отворање на „АгроЕкоСтаница за зелени вештини“- Место каде традицијата во земјоделството се среќава со дигиталните иновации!
Таг:ЗК ПелагонијамагустерМоникастуденткаФЗНХ
Претходен напис За инфраструктурни проекти општините потпишале повеќе од 200 договори
Следен напис Реакции на земјоделците за повиците за земја: СИСТЕМОТ ВО МЗШВ НЕ РАБОТИ, да се продолжи рокот за аплицирање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?