Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики, во следниот период ќе се знае дали нешто ќе треба да се промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики, во следниот период ќе се знае дали нешто ќе треба да се промени
Агровести

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики, во следниот период ќе се знае дали нешто ќе треба да се промени

Објавено 17/01/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во следниот период се очекува поинтензивна работа на Комисијата за заштита од конкуренцијата околу Законот за нефер трговски практики. Комисијата е комплетирана и за се она што што ќе биде утврдено како неправилност во однос на Законот, има пропишано законски одредби што ќе треба да се спроведат. 

Министерството за економија и труд е задолжено за спроведување на законот, а според заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, овој закон не е само за заштита на производителите, добавувачите и трговците, туку и за заштита на стадндардот на граѓаните. 

–  До Нова Година не беа комплетирани членовите кои се дел од КЗК. Како Министерство за економија и труд го спроведуваме имплементирањето на Законот. Имавме состанок со КЗК така што ветија дека во наредниот период ќе има доста интензивна работа во проверувањеето на договорите меѓу добавувачите и трговците. За она што ќе биде утврдено како неправилност, има предвидено одредени казнени одредби кои ќе бидат спроведени. Овој закон не е само за заштита на производителите, добавувачите и трговците, туку пред се за заштита на стандардот на граѓаните, бидејќи сето тоа на крајот се однесува на цената на крајниот производ, изјави денеска Ристески при посетата на маркетот „Веро“ во Тафталиџе. 

Ристески вели дека за првпат се имплементира ваков закон во државата и дека праксата ќе покаже кои се слабостите. 

– Ние заедно со КЗК ќе го следиме имплементирањето на Законот и во соработка со бизнис секторот ќе видиме дали во блиска иднина ќе треба да се променат одредени членови, изјави Ристески.

Според трговците, има одредени одредби од законот за коишто треба да се разговара како што се ограничувањето на профитната маржа и ограничувањето на повратот. 

– Имаме свои предлози за одредени работи што треба да се променат, што ни направија потешкотии не само на нас како трговски ланец, туку и на самите производители и дистрибутери. Работиме со претставниците на Владата и анализираме дали овој закон ги даде посакуваните ефекти. Има неколку работи што не се добро дефинирани, може да се разговара за ограничувањето на профитната маржа и ограничувањето на повратот што досега функционираше но, сега тие работи според зкаонот се ограничени и прават да не може деловните дневни и месечни процеси да се одвиваа успешно за двете страни, изјави генералниот директор на „Веро“ маркетите Петар Денковски. 

Во земјава за првпат се имплементира ваков Закон којшто е изработен по примерот на словенечкиот закон, а користени се и искуства од Хрватска и Бугарија како членки на Европската унија.  

Во однос на цените на основните прехранбени производи што беа опфатени со новогодишната кошничка која заврши на 15 јануари, Ристески ги демантираше информациите дека се врши притисок врз трговците за да не ги зголемат цените. 

– Тоа било на некоја друга Влада со закани. Оваа Влада не работи со закани туку во интерес на граѓаните. Ние би ги искористиле сите правни инструменти околу заштита на животниот стандард на граѓаните. Со стопанските комори, бизнис секторот, со синдикатите и пред се со граѓаните, имаме навистина добар однос, едно транспарентно однесување. Мерката новогодишна кошничка беше прва во историјата на Македонија со која што сакавме да го поттикнеме степенот на општествена одговорност на македонските компании, вклучувајќи ги и маркетите, рече Ристески. 

Според Ристески, токму од поттикнувањето на општествената одговорност произлегла и новата кампања на ланецот маркети „Веро“ во следните три месеци да ги замрзнат цените на 100 основни прехранбени производи и да ги остават истите цени на производите коишто беа дел од новогодишната кошничка. Ристески се надева дека овој пример на „Веро“ ќе го следат и останатите маркети, дистрибутери и производители. 

И генералниот директор на „Веро“ маркетите Петар Денковски тврди дека имаат партнерски односи со Владата без никакви условувања и без било какви потреби нешто да се направи. 

– Соработуваме на дневна база, се консултираме, но пред се основна цел и интерес и на Владата и на Министерството и на нас како стопански субјект, е да им излеземе во пресрет на очекувањата на потрошувачите, што во овој случај и го правиме. Така што ги слушуваме дневните барања и очекувањата од потрошувачите, за да ги задржиме или намалиме цените, вели Денковски. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:забелешкинефер трговски практикипериодпроменитрговците
Претходен напис Ранчот на Sherpa Horse Riding Macedonia нуди планинска винска тура со јавање коњи „Патеката на Дионис“и посети на познатите винарии
Следен напис Земјоделците во Гостиварскиот регион почнаа протести
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?