Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: До 30-ти април е продоложен рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: До 30-ти април е продоложен рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020
Агровести

МЗШВ: До 30-ти април е продоложен рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020

Објавено 07/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука за продолжување на законскиот рок за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколта 2020, кој го склучуваат производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун.

Со оваа одлука, наместо до 31-ви март, рокот за склучување на договори се продолжува до 30-ти април. Ваквата одлука се донесе поради вонредната состојба на територијата на државата прогласена заради пандемијата од коронавирусот, поради што процесот на склучување на договори во месец март,  не се одвиваше со иста динамика како во месец февруари 2020 година.

Од овие причини, на почетокот на овој месец, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, направи анализа. Според извештаите кои произлегуваат од информативниот систем за евиденција на тутун (ИСЕТ), за реколта 2020 година до 7- ми Април 2020 година се склучени 29.531 договори, на површина од 11.936 хектари за планирана количина од околу 22.654 тони тутун.

Во координација и по барање на откупните претпријатија и на производителите на тутун, за да можат да склучуваат договори и по законскиот рок, кога би се договориле околу 1.500 -1.600 тони тутун, МЗШВ предложи, а Владата денеска го прифати предлогот за одложување на рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун, односно продолжување до крајот на овој месец.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:договоримонополиреколтароксклучувањетутун
Претходен напис СВР Тетово со апел до земјоделците да не палат огнови при расчитување на нивите
Следен напис Сончево и топло со температури до 21 степен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?