Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема откуп на оризот, земјоделците од кочанскиот регион бараат средба со ресорниот министер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема откуп на оризот, земјоделците од кочанскиот регион бараат средба со ресорниот министер
Агровести

Нема откуп на оризот, земјоделците од кочанскиот регион бараат средба со ресорниот министер

Објавено 10/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Откупот на оризовата арпа од минатогодишната реколта е во застој, а земјоделските производители од кочанскиот регион се револтирани што не се почитува договорот, постигнат во ноември, за пласман на произведените количини и принудени се да ги чуваат во домашните амбари.

За надминување на состојбата бараат нова средба со ресорниот министер, а во спротивно се закануваат со протести.

-Уште од август минататa година нема откуп. Имавме неколку средби со министерот, но после секој разговор состојбата уште повеќе се влошуваше. Очигледно е дека се прави манипулација со нас, па и со откупувачите. На средбата со министерот беше договорена мерка на откупните претпријатија да им се исплаќаат по 6.000 денари за откупен тон арпа, ама таа не се почитува и не е откупен ниту еден килограм. Мислиме дека министерот ги прави сите манипулации, верувавме во него, но ќе излезе дека е најлош досега. Производната цена е пресметана на 26 денари за килограм, а нам ни нудат да го откупат под тој износ. Откупувачите се жалат дека имаат нарушени пазари во Србија, Косово и регионот, истакна Здравко Арсов, оризопроизводител од Облешево.

Откупните цени што им се нудат на оризопроизводителите се на нивото што го имале пред пет години, така што со порастот на трошоците на производство не можат да ги покријат ниту основните давачки.

– Белиот ориз на пазарот се продава по 120 денари за килограм, а ние добиваме само една третина од тоа. Граѓаните мислат дека оризот има цена, но за нас производителите нема. Има за откупувачите и за трговците. Министерот кога доаѓаше велеше дека не треба да сме задоволни со цена од 32 и 34 денари за килограм, а сега цената е 26 денари, ама никој не нѐ слуша. Лично имам долг од 15 илјади евра за репроматеријали и ако од оваа реколта нема оправданост, зошто да го сееме напролет, исатакна Коце Ангелов, оризопроизводител од Облешево.

Земјоделците тврдат дека близу 80 отсто од минатогодишното производство не е откупено, а заедно со неоткупените количини од претходната година, во моментот залихите се проценуваат на околу 29.000 тони оризова арпа.

Според нив, дополнителе проблем пред почетокот на новата сеидбена сезона е што водостопанската подружница „Брегалница“ доцни со чистењето и поготовката на каналската мрежа за наводнување, поради што може да се пропушти оптималниот рок за сеидба во април и мај. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцитеминистероризотОткупсредба
Претходен напис Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
Следен напис Откупот на тутун завршува предвреме со над 3 милиони килограми повеќе од очекуваното
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?