Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На 14 јануари ќе биде пуштен дел од патот Градско – Дреново, на 17-ти првата делница од пругата кон Бугарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На 14 јануари ќе биде пуштен дел од патот Градско – Дреново, на 17-ти првата делница од пругата кон Бугарија
Агровести

На 14 јануари ќе биде пуштен дел од патот Градско – Дреново, на 17-ти првата делница од пругата кон Бугарија

Објавено 08/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 14-ти јануари да биде пуштена првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново во должина од 25 километри, со што, како што посочи, ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на државата. На 17-ти месецов се очекува да биде пуштена и првата делница од пругата кон Бугарија.

– По тој експресен пат ќе се движат возилата со брзина од 130 километри на час. Има мало слечиште кое очекувам да биде санирано и пуштањето да биде на 14-ти овој месец, поточно, за шест дена од денес со што драматично ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на Македонија, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на општина Штип.

Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат 25-те километри. Најави дека продолжуваат и активностите на автопатот меѓу Прилеп и Битола и очекува во рок од три години и тој да биде завршен

На 17 јануари се очекува да биде пуштена и првата делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.

– Течат инфраструктурните активности на Коридорот 8 и 10 Д. Очекувам, пред да почне туристичката сезона, во втората половина на мај и првата половина на јуни, да ја пуштиме делницата од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај местото Ботун. Тука има мало слечиште, кое што треба да се санира, и до крајот на 2026 година да го пуштиме целиот потег на автопатот Кичево – Охрид. Очекувам да биде распишан тендерот Букојчани – Кичево, со што и тука би се поврзале овие два коридора. Очекувам после адаптацијата, конечно да имаме успешно наддавање Блаце – Скопје и проектирање на тунелот Тетово – Призрен. Исто така, очекувам да биде завршено и проектирањето Куманово – Страцин, како и обиколница Битола – граничен премин Меџитлија. Ова се проекти кои се во процес на проектирање или во процес на изградба и завршување, рече Мицкоски. 

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:14 јануариБугаријаГрадско - Дреновопатотпругатапуштен
Претходен напис Поскапуваат бензините и дизелот
Следен напис Јован Наумовски од Битола- Прв занаетчија за давање на услужни дејности од областа на животната средина: „Солис 26“ е идеален трактор за оваа работа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?