Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Совети од лимари за долговечен покрив
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Совети од лимари за долговечен покрив
Магазин

Совети од лимари за долговечен покрив

Објавено 25/12/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога столарот и мајсторите за покрив ќе завршат со работа, на ред е лимарот. Тие ќе се погрижат за сите детали кои се неопходни за нормално функционирање на покривот.

Покривот е елементот на куќата кој е најмногу изложен на временските услови. Затоа, покривната конструкција, изолацијата и хидроизолацијата на покривот, како и поставувањето на покривната покривка, мора да се изведат беспрекорно. Сепак, последната, но неизбежна алка во синџирот која го има последниот збор е – лимарот. Бидејќи, ако елементите, како олуците не се инсталираат професионално, водата или снегот се акумулира и стагнира на површината на покривот. Доколку не истечат, многу брзо ќе дојде до протекување, без разлика колку добро е извршена претходната работа на покривната конструкција.

За покривот на вашата семејна куќа да биде квалитетен и издржлив, лимарите го советуваат следново:

Неопходно е опшивање на покривот

Опшивање на покривот е покривање на рабовите на покривот на местото на поврзување со покривната покривка, со помош на елементи од лим – опшивка. Опшивки се неопходни и на места каде што се спојуваат покривните површини и околу оџаците, вентилационите канали, баџата и слично.

Тие ја штитат покривната конструкција од вода, снег и други негативни влијанија каде што е најчувствителна. Имено, покривните опшивки спречуваат водата што тече по покривот да се собира и да остане на работ. Тие осигуруваат дека водата нема да влезе под покривката, што ќе резултира со протекување, оштетување на покривната конструкција и внатрешноста на зградата.

А како се постигнува тоа? Покривните опшивки треба да се постават така што водата со помош на гравитацијата слободно ќе тече по косината. Само ако сите споеви на материјалот се правилно запечатени, водата нема да влезе внатре.

Покривната опшивка има и естетска улога – го комплетираат изгледот на покривот.

Правилно димензионирање на олуците

Не може да се замисли покрив без олуци. Олуците се системи за собирање и одведување на дождовницата од покривот, за истата да не тече директно од покривот на земја или фасада. Значи, со помош на олуци, атмосферските врнежи се насочуваат кон одреден дел од градината.

Меѓутоа, за олуците ефикасно да и служат на својата намена, мора да се одредат нивните соодветни димензии. Системот за одводнување на дождовница мора да одговара на површината на покривот, како и на климатските услови во дадената област. Големината на олукот се одредува врз основа на проектираната, а не на реалната површина покривот. На пример, покривот со косина од 40% прима помалку вода од покривот со косина од 15%, иако тие имаат иста површина.

Покрај тоа, дијаметарот на одводните цевки ќе се намали ако ги има повеќе. За правилно димензионирање и позиционирање на олуците, најдобро е да се консултирате со лимари. За опшивање покрив и олуци на просечен семеен дом, тие ќе ви наплатат приближно 650 евра.

Важен е изборот на материјал за олуци

Кој материјал за олуци ќе го изберете зависи од ситуацијата на теренот, временските услови на кои е изложена куќата и нејзиниот естетски изглед.

Најпопуларниот избор кај нас се поцинкувани олуци затоа што имаат најдобар сооднос цена-квалитет. Нивниот работен век надминува 60 години и тие се отпорни на корозија. Тие успешно се спротивставуваат на УВ зраците, град и други неповолни временски влијанија. Важно е да се истакне дека поцинкуваните олуци потешко се поставуваат – потребно е лимарот да ги поврзува спојките со лемење. Нивната цена е околу 20% повисока од ПВЦ олуците.

ПВЦ олуците брзо и лесно се менуваат, за разлика од металните. Тие се со мала тежина, лесно се сечат, а различните елементи се спојуваат или со специјален лепак или со нитни на спојките. Тие се многу полесни за ракување.

Достапни се во различни бои, дури и имитации на други материјали. Цените се попристапни за разлика од олуци направени од други материјали. Сепак, тие имаат и пократок животен век – ПВЦ олуците траат околу 25 години. Имаат полоши механички

карактеристики од металните олуци, а со текот на годините лесно може да се оштетат поради, на пример, обилните снежни наноси.

Алуминиумски олуци се исклучително стабилни, издржливи и отпорни на корозија дури и при постојано влажно време. Затоа, тие се добар избор за области со многу врнежи и влажна клима. Може да траат и 100 години. Алуминиумските олуци можат да се направат од еден сегмент долг околу 20 метри, без спојки, со што се обезбедува подобро одводнување на водата, но поправките се тешки.

Бакарни олуци исто така се долготрајни – можат да траат и еден век. Тие се исклучително декоративни поради нивната природна патина. Сепак, тие се најсложените за склопување. Имено, за време на склопувањето, бакарните олуци мора да бидат целосно чисти, без отпечатоци од прсти и други нечистотии. Во спротивно, се јавува нерамномерно формирање на патина. Бакарните олуци се за 30% поскапи од поцинкуваните.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:долговечен покривлимарисовети
Претходен напис (Во живо) Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски
Следен напис Дежурните екипи од зимската служба на Град Скопје синоќа фрлиле 45 тони индустриска сол на критичните точки во градот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?