Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка
Агровести

Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка

Објавено 24/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанската комора на Северна Македонија и Фискалниот совет на Република Северна Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се поставува основа за редовна комуникација и партнерски однос во клучни области како што се макроекономските движења, монетарната и фискалната рамка и управувањето со јавните финансии.

Целта, како што соопштија од Стопанската комора на Северна Македонија, е да се зголеми взаемната информираност во функција на максимизирање на предвидливоста на бизнис амбиентот за економските субјекти. 

Договорот, кој го потпишаа претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев, предвидува размена на податоци, анализи, извештаи и мислења што се од взаемен интерес, што ќе овозможи подлабока координација меѓу двете институции. Исто така, договоренa е можноста за заедничко учество во проекти, програми и анализи.

-Двете страни ќе соработуваат во организирање обуки, едукативни настани и работилници на теми кои ги засегаат актуелните економски предизвици. Соработката ќе вклучува и меѓусебна стручна поддршка со цел пронаоѓање најповолни решенија за сложените економски прашања со кои се соочува државата, се наведува во соопштението.

Фискалниот совет е избран од страна на Собранието. Станува збор за независно тело чија цел е да дава независни стручни мислења за фискалните политики и стратегиските документи и извештаи, како и да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, заради обезбедување макроекономска стабилност и фискална одржливост.

Првиот состав на Фискалниот совет го сочинуваат: (претседател) проф. д-р. Глигор Бишев, по предлог на Народната банка и членовите: академик Абдулменаф Беџети, предложен од МАНУ и д-р Марина Трпеска, редовна професорка на Економскиот факултет на УКИМ, предложена од Државниот завод за ревизија. 

Фото: Стопанска комора на Северна Македонија 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економски развојПартнерски односСтопанската комораФискалниот совет
Претходен напис Пазарните инспектори ќе одат во контрола да утврдат како цените во маркетите се зголемени изминатите 30 дена, вели Мицкоски
Следен напис АФПЗРР: Исплатени субвенции по површина, за сите ПОЛЕДЕЛСКИ култури и дополнителни за сертифициран СЕМЕНСКИ материјал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?