Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Полицијата ги спречи српските земјоделци да им зготват гулаш на студентите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Полицијата ги спречи српските земјоделци да им зготват гулаш на студентите
Агровести

Полицијата ги спречи српските земјоделци да им зготват гулаш на студентите

Објавено 22/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иницијативата за опстанок на српските фармери најави дека со готвење гулаш ќе им ја изрази поддршката за студентите и учениците во блокадата, но се откажаа откако полицијата, односно Безбедносно информативната агенција (БИА), ги предупредила дека ќе им бидат одземени тракторите.

Како што објаснува за српски „Данас“ Милан Богуновиќ од споменатата Иницијатива, доаѓањето на трактори требало да биде форма на перформанс, бидејќи тоа е механизацијата по која се препознаваат земјоделците. Тој додава дека не планирале да го блокираат сообраќајот, туку само да ги возат до кампусот.

„Се јавија да кажат дека ќе ни ги одземат тракторите. Немавме намера да блокираме, туку да се појавиме во пет до 10 трактори и да ја визуелизираме нашата поддршка“, објаснил Богуновиќ.

Сепак, подвлекува Богуновиќ, не е сигурен дали земјоделците ќе постапат во согласност со предупредувањето на БИА.

„Сè уште не го знам тоа, не би било прв пат да ни го направат тоа“, заклучува овој фармер.

Потсетуваме, земјоделците претходно најавија дека сакаат да им подготват чорба на Универзитетот во Нови Сад, како форма на поддршка за студентите во блокадата.

Секојдневно во Србија студенти, ученици и граѓани застануваат по 15 минути на градските сообраќајници, со цел да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.

Блокирани се над 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта.

За потсетување, 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Извор – Рацин

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокадаземјоделципротесуниверзитет
Претходен напис Мицкоски: Во јануари очекувам фирмите да подигаат пари од унгарскиот кредит
Следен напис Пронајдени многу штетни состојки во чоколадото Дубаи: „Нема што нема, ова е загрижувачко“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?