Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
Агровести

Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди

Објавено 20/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Албанската Национална управа за храна уништи повеќе од 60 тони мандарини, вратени од земји членки на Европска Унија, поради високо ниво на пестициди, опасни по здравјето.

Последните неколку недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, кои на големо увезуваат овошје од Албанија, по направените анализи од граница ги вратиле назад камионите натоварени со ова овошје.

– Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и се забранети за продажба во ЕУ. Поточно, станува збор за високо присуство од хлорпирифос и фосмет, кои како несакани ефекти имаат влијание врз развојот на мозокот кај децата, нарушувања на нервниот и ендокриниот систем, како и зголемен ризик од срцеви заболувања и рак, објавија албанските медиуми.

Вратените мандарини биле произведени во подрачјето на Берат, Љушња и Фиер, каде нивните сопственици за Топ чанел изјавиле дека „не знаат какви препарати користеле, го купувале тоа што им го даваат трговците“.

– Ќе почнеме проверки и во земјоделските аптеки за да се види дали се тргува со забранети пестициди. Ова може да се повтори. Она што не загрижува е тоа што овие препарати се категорично забранети за употреба, но повеќе од сигурно е дека нелегално се внесуваат во земјава, изјавиле од Агенцијата за телевизијата.

Албанија, во просек годишно извезува над 20.000 тони мандарини, добар дел од нив завршуваат на македонскиот и косовскиот пазар.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:60 тони мандариниалбанија
Претходен напис Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар
Следен напис (ВИДЕО)Трипуновски: Тутунопроизводителите се задоволни од цената и висината на субвенцијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?