Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Модификацијата во делот на субвенциите треба да биде со подготовка на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Модификацијата во делот на субвенциите треба да биде со подготовка на земјоделците
Агровести

Трипуновски: Модификацијата во делот на субвенциите треба да биде со подготовка на земјоделците

Објавено 19/12/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Ние изминативе 6 месеци санираме наследени ситуации, конкретно субвенциите. Со нашето доаѓање имаме над 4 милијарди денари заостанати обврски кои што ги исплаќаме од претходните години. Со ребалансот на Буџетот, со пренамена во програмата, со интервентен фонд итн. исплаќаме нешто што е заостанато”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во поткастот „Каде се парите”.

„Ако зборуваме дека имале рамна линија, тогаш требаше со нашето влегување во Министерството да има приближно нула заостанат долг кон земјоделците”, посочи тој.

Министерот додаде дека во делот на субвенциите и земјоделското производство многу често земјоделците ќе ви кажат дека овие субвенции кои што сега ги добиваат можат да се пренаменат во делот на инвестициите, ако секој земјоделец има загарантиран откуп по рентабилна цена тоа значи дека на производната цена имате барем 30-тина проценти заработка која што ќе значи одржливост на производството. А, овие субвенции државата да ги даде во делот на инвестиции, модернизација итн.

„Зошто велам дека државата треба да обезбеди и да помогне? Еве, ќе земеме една култура која што во моментов е многу актуелна, а тоа е откупот на оризот од оваа реколта. Ако државата им обезбеди на земјоделците од кочанскиот регион навремена количина на вода што значи навремена сеидба, во долг рок значи и жетва во време кога временските услови дозволуваат бидејќи со задоцнета сеидба имаме и задоцнета жетва, слана, намален принос односно квалитет. Ако државата ги засукала ракавите, претходната власт бидејќи јас ја наследив нивната жетва, би требало обезбеди квалитетни препарати за заштита кои што се по рентабилна цена и кои што ќе имаат ефект врз земјоделскиот посев и ќе бидат нормално поевтини, е тогаш би имале заштеда во делот на производството. Ако државата обезбедила квалитетен семенски материјал односно им помогнала на тие земјоделци да се донесе квалитетен семенски материјал би имале денес зголемен принос”, појасни министерот Трипуновски.

Тој посочи дека денеска би имале земјоделско производство кое што ќе значи на единица декар, односно 1.000 м2 принос над 800 килограми. А, сегашниот принос со овие незавршени работи е само 500 килограми.

„Затоа овие пари кои што ги даваме како субвенции ќе ги насочиме во механизација итн. Јас тоа го направив, со првата мерка и објава што беше за модернизација, поделивме 50-тина комбајни во кочанскиот регион за да имаме модерна жетва, да немаме загуби, да имаме помали трошоци за амортизација, се со цел добивката да биде повеќе кај земјоделците”, заклучи тој.

„Модификацијата на овој систем кој што постои сега во делот на субвенциите треба да биде со припрема на земјоделците. Државата постепено да им каже каде е прилагодувањето, односно каде е реформата во овие субвенции, за на крајот која да биде целта. Овие субвенции треба да бидат со ефект, да се зголеми производство, да се зголеми добивката на земјоделците, да се зголемат обработливите површини”, истакна министерот Трипуновски.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:земјоделцимоделсубвенциицветан
Претходен напис Потпишан меморандум за соработка помеѓу платежните агенции на Македонија и Хрватска
Следен напис Трипуновски: За 10 месеци имаме извоз на храна од околу 670 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?