Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови
Агровести

Мицкоски: Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови

Објавено 10/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ во делот на инфраструктура посочи дека најголем дел од проектите ги задвижиле во позитивна насока, укажувајќи дека за разлика од претходно, сега се градат автопатите.

„Ако гледаме што се случуваше еве шести месец можам да кажам дека најголем дел од проектите ги задвиживме во позитивна насока, за еден зборувавме од делницата Врбјани до Охрид тие 40тина километри практично ќе очекувам оваа туристичка сезона да се возат а компаниите кои работеа на таа делница не им беа платени фактурите од ноември месец 2023 година. Сега се тековни тие фактури, значи зборам па да не претераме некаде 70-80 милиони долари“, објасни Мицкоски.

„Потоа, делниците кои се дел од коридорот 8 и 10д, ја споменавте Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола покрај тоа што беа исплатени 15 милијарди денари аванс на терен реално немаше никакви работи, ништо не се случувало. Денеска веќе имаме фронт од 30-40 километри вкупно на двете делници. Ако земете дека сето тоа е 110 километри сите 4 делници зборам Гостивар- Букојчани, Требениште-Ќафасан, Прилеп-Битола и Гостивар-Тетово тоа значи дека ние работиме на отворена траса на 40 километри. Е сега Требениште-Ќафасан немаме отворена делница бидејќи 90 проценти е приватно земјиште и е во периметарот на заштитеното земјиште според УНЕСКО. Што се однесува до Тетово-Гостивар треба да се направи пат кој што кога ќе почнат активностите на овој пат кој што е постојан ќе ги сервисира граѓаните. Можете да замислите што ќе се случува во лето“, рече премиерот Мицкоски и додаде дека експресниот пат до Крива Паланка до крајот на годината ќе биде готов.

„Еве експресниот пат од Чатал од Страцин конкретно преку Длабочица до Крива Паланка до крај на година ќе биде готов. Од Градско-Дреновска Клисура-Фариш ќе биде готов, има една карпа која треба да се третира, од прилика до март април следната година ќе биде готов“, дециден е претседателот на Владата Мицкоски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градењеделницакомпаниимицкоскипат
Претходен напис Мицкоски: Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, новиот буџет има развојна компонента
Следен напис Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?